30.5 C
Скопје
15:16 - 6 јули, 2026

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Статус кој загрижи многумина објави младиот пливачки шампион Марко Пејчиновски кој рече дека можеби е крај на неговата пливачка кариера.

„Крај на пливачката кариера? Во моментов, нов пливачки подвиг ми изгледа како далечен сон, а не како реалност.
Секој ден се соочувам со истите прашања: Дали ќе можам да се вратам? Дали повторно ќе бидам истиот Марко? Дали вреди да продолжам? Дали и ова ќе биде уште еден сон што ќе згасне?“, рече Пејчиноски и додаде дека не може ништо да вети.

„Иако сум млад, свесен сум дека можеби немам уште многу години пред себе за вакви подвизи. Чувствувам дека во мене има уште еден или два што навистина сакам да ги остварам.
Дали ќе успеам? Не знам. Ако успеам, тоа ќе биде најголемиот подвиг во мојот живот, но денес не можам ништо да ветам.
Но едно знам со сигурност: ќе дадам сѐ од себе, а откажување не е опција.
Ако е во Божјата волја, ќе успеам.
Имам потполна верба во Бога и Неговиот план“, напиша Марко во своето обраќање на Фејсбук.

Во август минатата година, тој успешно го заврши својот модифициран „Ајронмен“ триатлон, во должина од вкупно 107 километри, кој се состоеше од трчање, возење велосипед и пливање.

Марко Пејчиновски е младото момче кое ги помести границите на човечките можности во македонското пливање. И покрај соочувањето со болеста, некроза на ногата, тој уште на 12-годишна возраст во 2018 година стана најмладиот пливач кој ја совладал патеката од Свети Наум до Охрид. Неговиот историски триумф кулминираше со неверојатната „Одисеја 2022“, кога во едно лето комплетираше 10 екстремни препливувања со вкупна должина од 250 километри.
Пред четири месеци, тој објави дека доживеал сообраќајка по која морал да замине на операција.
„Ги започнав моите 20-ти години со операција, операција на рамото по сообраќајна незгода во 2024 година. По година и пол мачење, конечно се најде доктор кој ми ја кажа вистинската дијагноза (хронична AC дијастаза во 4. стадиум), односно скинати лигаменти кои ја држат клучната коска на место“, објави Марко.

Слични објави

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Анџелина Џоли не му дозволува на Бред Пит да се ожени младата Инес

Еспресо

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....