16:43 - 5 ноември, 2026

Пеце од „Суперхикс“: И мажите се лажат меѓу себе за килограмите, а плачат скриени во ќош

Пејачот Петар Младеновски,  за јавноста познат како Пеце од „Суперхикс“ е еден од ретките мажи од македонската естрада којшто гласно зборува за менталното здравје кај мажите. Според Младеновски генерално мажите повеќе би зборувале за политика или спорт отколку за теми поврзани со внатрешниот мир на човекот. Сега, пак, како што вели тој во интервју за „Слободен печат“, за време на Светското, мажите зборуваат само за спорт.

Мажите не ги разбираат жените, категоричен е Младеновски, кој вели дека оние мажи што го мислат тоа живеат во заблуда.

„Знаете кога жената е во циклус и се однесува по малку чудно, па кога мажот ќе ѝ рече „знам, те разбирам“. Ништо не разбираш ти, пријателе“, низ смеа вели Пеце.

Интересно е што тој открива една „машка тајна“. Кој би рекол дека и мажите меѓусебно се лажат за килограмите?

„Знаете кај жените кога ќе си кажат нешто околу килограмите тоа често може да биде и од завист и љубомора. Кај мажите тоа е повеќе за зезање, ќе му речеш „еј си ослабел“, а тој се поправил и слично.“ Сè тоа за да го пецнеш, вели Пеце.

Според него мажите не се осмелуваат да зборуваат јавно за менталното здравје и најчесто проблемите ги споделуваат со еден пријател.

„Посилниот пол не се така отворени да разговаРат за чувствата, и најчесто плачат сокриени во ќош. Има едно непишано правило кое важи посебно за балканскиот маж ,,напиј се една и ќе ти помине“, вели тој.

Овде можете да го погледнете целото интревју за менталното здравје кај мажите, направено со повеќе познати личности.

 

 

 

 

 

 

 

Слични објави

Искуство на пациент на Клиника „Жан Митрев“: Средба што зборува за доверба, благодарност и живот

Еспресо

„Има денови кога сè на светот е насмевката“: Сопругот ја освојува Ивона Јо со комплименти

Еспресо

Ништо повеќе не ве радува, иако животот ви изгледа нормално? Што е анхедонија и како да ја препознаетe

К.С.

Емина Јаховиќ проговори за бившиот и разводот: „Немам желба да ја запознаам новата сопруга на Мустафа“

Еспресо

„Родителот што ќе изгуби дете прво ја бара вината во себе“: Јулија Мациевска проговори за болката по смртта на ќерката Андријана

К.С.

Николина Пишек му одговори на Миша Гроф: „Сè уште не сум почнала да ја кажувам вистината за нив, допрва ќе почнам“

Еспресо
Се вчитува....