12:20 - 8 ноември, 2026

Сите го препорачаа токму овој начин за миење на рацете, а еве и доказ дека тој е најдобар! (ВИДЕО)

Во време кога оваа основна хигиенска навика за миење раце може да ни го спаси животот, токму нему можеме да му заблагодариме за откривањето на пред сè, нејзината важност, но и правилната техника на оваа хигиенска навика.

Се прашувате за кого станува збор? Игназ Семелвајс!

Унгарскиот лекар Игназ Семелвајс е важен пионер во областа на епидемологијата кој во 1847 година ја намалил стапката на смртност кај новороденчиња во една виенска болница со воведување на процедура на дезинфекција. Семелвајс ја потенцирал огромната важност на миењето раце и одржувањето на нивната чистота за спречување на ширење на инфекциите.

Оваа постапка за миење на рацете е неговиот изум – повторувајте ја постојано и спасете си го животот.

Google пред некој ден (21.03) му посвети анимација во чест за неговиот изум за правилно миење на рацете.

А на Твитер се појави и анимација со помош на црна боја која го потврдува неговиот изум како најпрецизен, всушност со оваа техника не можете да испуштите ниту еден важен дел од дланките. Погледнете…

 

 

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....