19:59 - 27 ноември, 2026

15 најубави цитати за жените

Дали има поголема инспирација од женска инспирација? Мислители, научници, уметници, филозофи сите би се согласиле дека жените биле и ќе бидат неисцрпен извор на инспирација и затоа одлучивме да издвоиме некои од најубавите изреки кои ја опишуваат енигматичната,  но неодолива  природа на жената.

„Доколку Ви треба некој за совет, прашајте маж, но доколку ви треба некој за нешто да се обави, тогаш дефинитивно побарајте жена“ – Маргарет Тачер.

„Јас сметам дека мојот ден е изгубен, ако барем една жена не ми се насмее тој ден”. –  Казанова

„Само благородните мажи се дарежливи и внимателни кон жената, а само оние кои имаат лош карактер ги понижуваат и малтретираат жените”. –  Мухамед

„ Жените не се создадени за да бидат разбрани, туку да бидат сакани“. – Дороти Паркер

„Големото прашање на кое никогаш не е одговорено и на кое ни јас не успеав да одговорам, и покрај моето триесетгодишно истражување на женската душа, гласи: Што сака жената?“ – Сигмунф Фројд

„Жената е единствената работа од која се плашам, а за која знам дека нема да ме повреди”. – Абрахам Линколн

„Ако мажот зборува лошо за сите жени, веројатно се изгорел на една, таа која најмногу ја сакал” – Коко Шанел

„Жената во која сме заљубени престанува да биде обично човечко суштество за нас, но станува бел ангел или црн ѓавол”. –  Јован Дучиќ

„Жените не го признаваат минатото, а уште помалку жалат за него, тие грабнуваат се што може да се грабне во моментот”. – Јован Дучиќ

„Секоја жена е убава, освен таа која мисли дека не е и тие кои мислат дека се”. – Јован Дичиќ

„Жената добро знае дека е слаба само кога сака”. – Јован Дучиќ

„Жената е како вреќичка чај – никогаш не знаеш колку е силна, се додека не заврши во врела вода“ – Еленор Рузвелт.

„Заљубената жена не може да биде разумна. Ако е разумна, веројатно не е заљубена”. – Мае Вест

„Мажот не може да изневерува жената онолку колку што жената може да се преправа дека му е верна”. – Казанова

„ За да биде незаменлива, жената мора секогаш да биде малку поинаква”. – Коко Шанел

Слични објави

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.

Не ги чувајте компирите на ова место — грешка што многумина ја прават во зима, а поради која побрзо се расипуваат

К.С.
Се вчитува....