16:16 - 8 ноември, 2026

Џастин Бибер се маскираше и ги пречекуваше фановите на серијата „Пријатели“, кога го препознаа нивната реакција стана хит (ВИДЕО)

Популарниот пејач Џестин Бибер (26) одлучи да ги проба своите актерски способности и добро да се забавува, па се појави на сетот на култната серија „Пријатели“.

Бибер беше маскиран во работник на една филмска продукциска куќа, па така тој им посакуваше добредојде на фановите кои дојдоа да се сликаат на сетот на снимањето на нивната омилена серија.

Џастин беше непрепознатлив, а на себе носеше качкет, очила, лажни мустаќи, а негова задача беше всушност да ги фотографира.

Пејачот на некои од посетителите им порача и дека „може да разгледаат, но да бидат внимателни“, им местеше перници на софата, ги сликаше за спомен, пееше со нив, а на некои им го откри и својот идентитет.

Снимката од Џастин на тајна задача е пуштена во емисијата „The Ellen Show” во која гостуваше оваа млада музичка ѕвезда.

Погледнете ги реакциите во видеото…

 

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....