12.8 C
Скопје
04:28 - 8 септември, 2026

ЗДРАВО И АРОМАТИЧНО: Масло од семки од тиква и неговите хранливи вредности

Пазарот е преплавен со најразлични масла кои имаат лековити својства, почнувајќи од маслиновото, па сè до кокосово или масло од семки од грозје.

Едно од најхранливите што можете да го употребите е и маслото од семки од тиква, кое е хранливо и лековито, а во исто време и многу вкусно.

Исто како и маслиновото, се користи ладно, без термичка обработка, за да можете максимално да ги искористите хранливите состојки.

1. Ова масло е богато со олеинска киселина, која го намалува лошиот холестерол.

2. Богато е со витамините Д, Е и К, со магнезиум, железо, манган, бакар, цинк и селен.

3. Поради глутаминската киселина која ја содржи, може да се каже дека маслото од семки од тиква е и природен антидепресив.

4. Има диуретски ефект и ја подобрува работата на целиот уринарен систем.

5. Ја подобрува работата и на дигестивниот систем, ги прочистува цревата и помага за полесно исфрлање на изметот.

6. Ова масло има и козметичка примена. Можете да го користите за нега на коренот на косата. Масирајте ја кожата на главата со прсти потопени во масло од семки од тиква.

7. Поради својот вкус, додава нова димензија на аромите во салатите, сосовите, варениот или печен зеленчук, месото, но и во одредени видови колачи.

Слични објави

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Полнет модар патлиџан на турски начин

Т.Ц.

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.

Заветот на овчарот – зошто секоја година се дава ручек во Скребатинскиот манастир на празникот Голема Богородица

Еспресо

Легендата за „Трескавец“ – манастирот што „сам“ го избрал своето место

Т.Ц.
Се вчитува....