6.8 C
Скопје
08:46 - 17 октомври, 2026

ЗДРАВ ВЕГЕТАРИЈАНСКИ ОБРОК: Фалафел топчиња со хумус

Лесно и вкусно, јадењето од Блискиот Исток станува се попопуларно во нашите простори, а го измислиле египетските бедуини.

Со малку грчки јогурт ќе добиете идеално и лесно јадење.

Состојќи:
– 160 г сува леблебија
– 200 г хумус
– 1 голем кромид (исецкан)
– 2 чешниња лук (исецкан)
– 3 лажици свеж магдонос (исецкан)
– 1 лажичка коријандер
– тортиља лепчиња
– 1 лажичка ким
– 2 лажици брашно
– сол и бибер
– маслиново масло

Припрема:

Леблебијата потопете ја во вода и оставете ја во текот на целата ноќ за да набабри. Потоа згответе ја, излупете и додадете магдонос, коријандер, кромид и лук, зачините и двете лажици брашно. Направете топчиња со посакувана големина и ставете ги во загреаното масло да се пржат. Наместо во зејтин, исто така можете да ги ставите да се печат на хартија за готвење во рерната. Ставете хумус на чинијата, додајте ги фалафел топките и свеж зеленчук, се служат заедно со тортиња лепчињата.

Пријатен апетит!

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....