9.8 C
Скопје
01:57 - 1 октомври, 2026

Слатко и кремасто: Префинет рецепт за топло чоколадо

Направете си го ова превкусно топло чоколадо и стоплете се во зимските денови…

Доколку сакате нешто да се напиете или да се заблажите, а притоа да ги израдувате своите непца, овој напиток е совршен за вас…

Состојки:

– 150 гр чоколадо со 60% какао

– 200 мл полномасно млеко

– 200 мл слатка павлака

– лажичка кафеав шеќер

Подготовка:

– Искршете или изрендајте го чоколадото, а млекото и павлаката ставете ги во сад на оган на средна температура.

– Кога ќе зоврие млекото, прелијте го чоколадото и мешајте се додека смесата не се згусне, но водете сметка да не останат грутки.

– Додадете по желба зачини или намирници кои ќе го засилат вкусот на чоколадото, како цимет,морско оревче, рум или коњак, а можете да додадете и шлаг.

Совет плус: Доколку сакате малку поздрава верзија, употребете оризово, соино или бадемово млеко, а наместо шеќерот послужете се со јаворов сируп или мед.

Слични објави

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.
Се вчитува....