18.8 C
Скопје
07:49 - 11 септември, 2026

СИТЕ ГИ ЧУВААТ ЈАЈЦАТА НА ВРАТАТА ОД ФРИЖИДЕРОТ, а не се свесни каква грешка прават„ Еве зошто тоа е најлошото место!

Многу е важно да знаете како добро да го организирате фрижидерот со цел храната да ви биде добро сочувана. Фрижидерот нема хомогена температура, степенот на ладење не е ист на врвот и дното од внатрешноста. Најладната точка е полицата над делот за овошје и зеленук, односно над долните кутии.

Доколку фрижидерот работи добро, температурата би требала да биде околу 0 до 2 степени во долните полици, 4 степени во средниот дел, 6 степени на врвот во фрижидерот и 8 степени на полиците на вратата.

Проблемот со сместувањето на јајцата е во тоа што местото предвидено за нив во фрижидерот не е најдоброто место на кое оваа намирница би требало да се чува. Освен што е тоа подрачје во кое температурата е повисока, тоа место е и најподложно на промена на темпертурата поради отварање и затварање на вратата. На нивната лушпа поради тоа може да се создаде штетен кондензант.

Јајцата треба да ги оставиме во нивната амбалажа и да ги ставиме во горниот дел од фрижидерот внатре, не на вратата.

Слични објави

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Полнет модар патлиџан на турски начин

Т.Ц.

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.
Се вчитува....