16.8 C
Скопје
07:49 - 26 мај, 2026

СЕЗОНА НА ЗИМНИЦИ: Домашен традиционален македонски ајвар (РЕЦЕПТ)

Македонската домаќинка децении наназад, во овој период од годината подготвува зимница со која се прехранува семејството во текот на студените зимски месеци кога свежото овошје и зеленчук е сведено на минимум. Иако од минатото па се до денес, многу работи се имаат променето, сепак, дел од македонските семејства се уште ја негуваат вековната традиција на подготовка на солени и благи зимници. Меѓу најпознатите кај нас но и оние по кој сме познати во светски рамки е се разбира ајварот, потоа туршијата, пиперките подготвени на стотици различни начини, мармаладите, компотите и соковите подготвени од рацете на вредните домаќинки од сезонско овошје…

Кај нас се подготвуваат неколку видови на ајвар. Некои домаќинки се обидуваат да ја сочуваат традиционалната рецептура за подготовка на оваа зимница па користат исклучиво црвени ајварски пиперки кои се карактеризираат со рамни површини кои пак се многу погодни пиперката да биде убаво испечена а потоа и излупена. Други домаќинки пак ајварот го подготвуваат по свој вкус, па така освен пиперки ставаат и модри патлиџани, лути везени пиперки а некои додаваат и црвен домат но и морков.

Сепак, традиционалната подготовка на ајвар е онаа која се подготвува исклучиво од пиперки.

Доколку сакате да го направите овој рецепт потребни ќе ви бидат:

30 кг пиперки за ајвар
2 литри масло за јадење
100 гр шеќер
100 гр сол
50 гр винска киселина

Подготовка:

Потребната количина на пиперки, најпрвин убаво се мие и се пече. Секоја испечена пиперка ставајте ја во кеса за да можете подоцна полесно да ја излупите.

Откако ќе завршите со печењето, започнете со лупењето на пиперките, притоа внимавајќи од нив да ги отстраните сите лушпи и семки.
Потоа сомелете ги пиперките со машина за мелење на месо.
На оган ставете го тенџерето во кое ќе го пржите ајварот и истурете го целото количество на масло за јадење, оцетот, солта и шеќерот.
Почекајте оваа течност убаво да зоврие а потоа ставете ги пиперките да се пржат.
Пржете најмалку 2 часа и повремено пробувајте го вкусот на ајварот. Доколку сметате дека постои потреба истиот дополнително да го посолите, направете го тоа.
Откако ајварот ќе биде готов, ставете го во претходно стерилизирани и загреани тегли.
Со оваа постапка подготовката на ајварот е готова.

Слични објави

Наједноставниот колач со јагоди: Чекор по чекор до совршен десерт

Т.Ц.

Медитерански полнети тиквички со рикота и сушени домати

Т.Ц.

Рецепт за совршена Цезар салата

Т.Ц.

Кремасто пилешко на тоскански начин – рецепт за брз ручек што сите ќе го обожаваат

Т.Ц.

Одличен предлог за ручек: Пикантни крцкави крилца од рерна

Т.Ц.

Француски компир: Кулинарски класик што не излегува од мода и е совршен за брз ручек

Т.Ц.
Се вчитува....