4.8 C
Скопје
06:48 - 19 октомври, 2026

Направете сами чоколадо од проверени состојки

Рецептот е наменет за вистинските љубители на благото…

Доколку сакате чоколадо најдобро е сами да го направите и така да бидете сигурни дека ќе уживате во благо од проверени состојки. Ова е многу едноставен рецепт и се што ви е потребно е малку време и сигурно ќе уживате во чоколадо какво што сигурно до сега не сте пробале.

Потребно е:

– 200 гр квалитетно чоколадо за готвење (со што поголем процент на какао)

– 100 гр експандиран ориз

– 250 гр путер или маргарин

– 100 гр мед

– 100 гр бадеми

Подготовка

Во сад на пареа истопете го медот, додадете го на коцки исецканиот маргарин, чоколадото искршено на коцки и се добро стопете.

Откако смесата ќе стане течна и хомогена, додадете го оризот и бадемот и добро промешајте. Смесата ставете ја во калапи по избор.

Оставете да се олади во фрижидер 2-3 часа и уживајте во вкусот.

Пријатно!

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....