22:45 - 7 септември, 2026

Медитерански тортиљи со пилешко месо

Подгответе си малку поинаков, ручек или вечера и уживајте во овие прекрасни медитерански тортиљи.

Потребни состојки за две порции:

4 тортилји
450 г пилешки прсти
20 г магдонос
20 г свежи ливчиња нане
1 чешне лук, сомелено
2 лажици маслиново масло
2 лажици сок од лимон
1/2 лажичка сол
1 среден домат, исецкан на коцки
30 г млад спанаќ
4 лажици павлака
неколку маслинки исчистени без коска

Начин на подготовка:

Во сад ставете ги магдоносот, нането, лукот, маслиновото масло, сокот од лимон и солта. Убаво промешајте.

Во смесата додадете ги и стапчињата пилешко месо.

Така подготвеното пилешко, пржете го во нелеплива тава, на средна температура, се додека не биде готово.

Ставете ги тортиљите на рамна површина. Најпрвин, поделете го пилешкото во сите 4 тортиљи, а потоа рамномерно распределете ги и спанаќот, маслинките, павлаката и доматот исецкан на коцки.

Завиткајте ги како бурито. Внимавајте на страничните делови. Уживајте во одличниот вкус.

Слични објави

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Полнет модар патлиџан на турски начин

Т.Ц.

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.

Заветот на овчарот – зошто секоја година се дава ручек во Скребатинскиот манастир на празникот Голема Богородица

Еспресо

Легендата за „Трескавец“ – манастирот што „сам“ го избрал своето место

Т.Ц.
Се вчитува....