22.8 C
Скопје
17:45 - 19 октомври, 2026

Лесна и превкусна чоколадна панакота

Потребни состојки:

– 300мл млечна слатка павлака
– 200мл чоколадно млеко
– 50гр шеќер
– 150гр чоколадо за готвење
– 10гр желатин

Се ставаат слатката павлака, чоколадното млеко (може и обично млеко, но додадете дополнително шеќер), шеќерот(по вкус) и чоколадото на оган да зовријат.

На страна во меѓувреме кесичката желатин се става во 50мл вода околу 10мин. Откако убаво ќе се стопи чоколадото се трга смесата на страна и и се додава желатинот и се меша додека не се стопи.

Веднаш смесата се става во калапи. Прво да стојат на собна температура, а потоа во фрижидер 3-4 часа. Се вадат од калапите и се сервираат со овошен џем или свежо овошје.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....