20.4 C
Скопје
21:36 - 9 јули, 2026

ИСХРАНА ВО БОЈА: Црвени намирници за балансирана диета

Карактеристично за црвените намирници е што содржат ликопен, кој ја заштитува нашата кожа, помага во одржување на здрави епителни клетки.

Очигледниот избор на црвена храна е домати, црвени пиперки, јагоди, цреши, ротквици, црвен кромид, некои видови сливи, црвено јаболко, калинки, розов грејпфрут, лубеница, брусница, рибизли…

Црвената храна ја штити кожата до штетните влијанија на УВ-зраците. Бојата доаѓа од каротеноидот пзоант како ликопен, кој е антиоксиданс кој ги штити белите дробови, дебелото црево, хранопроводот, брадавиците и кожата. Кај мажите кои редовно имаат црвени намирници во исхраната се забележани 30-40% намалени изгледи за рак на простата.

Според италијанските студии за нутриционизам, секој треба да изеде најмалку седум порции домати неделно за да го сведе на минимум ризикот од рак на некој од гастроинтестиналните органи. Со редовно консумирање на црвени намирници, вашата кожа е помалку чувствителна на сончевите зраци. За да го почувствувате максималниот ефект од доматите, комбинирајте ги во салати зачинети со маслиново масло.

Како да вклучите повеќе црвени намирници во исхраната:

– Додавајте гоџи, брусница и јагоди во смути
– Пијте најмалку една чаша сок од брусница во денот
– Збогатете ја салатата со парчиња црвена пиперка, ротквица и црвен кромид
– Направете салса од домати и црвени пиперки
– Двапати неделно јадете супа од домати
– Со скарата направете прилог од потпечени домати, пиперки и кромид, зачинет со маслиново масло
– Јадете црвени јаболка
– Користете сушено шумско овошје

Слични објави

Фрапучино со сладолед – идеален пијалак за летните горештини

Еспресо

Освежителна пита со праски без печење што буди носталгија за детството

Т.Ц.

Не е фотомонтажа ни ВИ – ова дрво навистина ѝ пркоси на гравитацијата и ги збунува посетителите на „златниот остров“ во Јадранското Море

Т.Ц.

Слатки уживања: Три едноставни рецепти со вишни што ќе ги обожавате

Т.Ц.

Идеално освежување за жешките денови – домашен леден чај кој можете да си го прилагодите според вкусот

Т.Ц.

Дали некогаш сте пробале праски на скара или во салата? Oвие комбинации пријатно ќе ве изненадат

Т.Ц.
Се вчитува....