21.8 C
Скопје
11:39 - 29 септември, 2026

Ирски палачинки од компири – Задолжително пробајте ги!

Едноставно се прават, а многу се вкусни, пробајте го овој рецепт…

Традиционалните ирски палачинки од компири се совршена мешавина од пире и рендан компир, што текстурата на ова вкусно јадење ја прави многу примамлива.

Состојки:

– Три или четири поголеми компири
– 180 милилитри полномасно млеко
– Сол по вкус
– Едно големо јајце
– 50 гр брашно
– Бибер по вкус
– 30 гр путер

Подготовка:

Рерната загрејте ја на 100 степени. Половина компири излупете ги и исецкајте ги, ставете ги во сад посолете и сварете ги. Другата половина од компирите изрендајте ја на крупната страна од рендето, посолете и ставете ги во цедалка.

Варениот компир исцедете го, додадете половина млеко и направете пире. Во пирето додадете го ренданиот компир. Јајцето, преостанатата половина од млекото, брашното, биберот и солта изматете ги во чинија, потоа додадете ги во компирот и мешајте со лажица додека да се соедини.

Загрејте плитка тава, на средна температура, додадете го путерот, така што дното ќе биде покриено.

Од смесата формирајте палачинки дебели околу еден сантиметар, ставајте ги вотавчето и пржете ги од двете страни додека да не станат златно-кафени.

Палачинките редете ги во плех и ставајте ги во рерна да останат топли додека не бидат готови сите.

Слични објави

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.
Се вчитува....