9.8 C
Скопје
21:08 - 25 април, 2024

Љубовта им цвета: Познати парови кои опстанаа заедно (ФОТО)

Тие се доказ дека и во Холивуд постои љубов. 

Поради динамичниот начин на живот, гламур, слава и пари, се верува дека љубовта помеѓу славните личности потешко се одржува.

Меѓутоа, има парови кои тоа го демантираат и докажуваат дека љубовта и тоа како е возможна и присутна и во светот на богатите.

Ова се некои познати парови кои љубоморно ја чуваат својата љубов:

Бијонсе и Џеј Зи

Парот се запознал кога Бијонсе имала само 18 години, а врската ја започнале година и половина подоцна. Кога во ноември 2001 година се појавија на насловната страница на магазинот „Венити Фер“, Џеј Зи, призна дека допрва ја почнале врската. Тие се венчаа тајно во Менхетен во април 2008 година, а од тогаш добија три деца, ќерката Блу Ајви и близнаците Руми и Сира.

Мила Кунис и Ештон Кучер

Ештон и Мила се запознале на снимањето на серијата „Весели седумдесетти“, каде привремено глумеле пар, но својата вистинска романса ја почнаа многу години подоцна, дури кога Ештон се разведе од актерката Деми Мур, а Мила од Меколи Калкин.

Тие повторно се сретнаа на доделувањето на Златни Глобуси во 2012 година, а еден месец подоцна се бакнале за првпат. Во февруари 2014 година се верија, а судбоносното „да“ го кажаа во јуни 2015 година. Имаат две деца.

Криси Тајген и Џон Леџенд

Криси и Џон се запознаа на сет за неговиот спот за песната „Stereo“ во 2006 година. Веднаш по снимањето тие вечерале заедно, а потоа се вљубија и останаа заедно до денеска. Џон ја побара Кристи за жена за време на патување во Малдивите во 2011 година, а се венчаа на езерото Комо во Италија, во септември 2013 година. Парот заедно има две деца.

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли

View this post on Instagram

Happy Birthday, @blakelively.

A post shared by Ryan Reynolds (@vancityreynolds) on

Овој пар се запознал за време на снимање на заеднички филм во 2010 година, поради што Блејк Лајвли неколку месеци подоцна ја прекина врската со Пен Беџли, а Рајан поднесе барање за развод од бракот со Скарлет Јохансон. Еден месец откако се појавија шпекулации во јавноста, во октомври 2011 година тие потврдија дека се заедно, а се венчаа во 2012 година и заедно имаат три деца.

Викторија и Дејвид Бекам

Парот се запозна на хуманитарен фудбалски натпревар во Манчестер, каде идната сопруга на Бекам испила малку повеќе. Една година потоа, во јануари 1998 година, за време на конференција за медиумите, тие објавија дека се заедно, а се венчаа во јуни 1999 година и до денеска имаат четири деца.

Џесика Бил и Џастин Тимберлејк

Џастин и Џесика се запознаа кон почетокот на 2017 година на забава на која таа била присутна, а која пејачот ја организирал за свој пријател. Џастин од пријателите го добил нејзиниот број и во мај 2017 година објавија дека се во врска. Во 2011 година на кратко ја прекинале врската, а во октомври 2012 година се венчаа во Италија и имаат еден син.

Слични објави

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо

Сеќавање на Велибор Џаровски-Џаро: „Животот е едно големо зезање“

еспресо
Се вчитува....