22.8 C
Скопје
18:10 - 29 септември, 2026

Идеја за вечера: Шпагети од рерна

Шпагетите може да ги подготвите многу побрзо ако наместо во тенџере на рингла, ги ставите во тава и печете во рерна.

Потребни состојки:

500 гр шпагети
1/4 шолјичка маслиново масло
Сол и бибер
Три чешниња лук
Босилек, рузмарин и оригано
Црвен кромид
Една конзерва пелати
Една исецкана пиперка
Една шолја пире од домати
Три шолји вода
Свеж босилек
200 гр моцарела

Подготовка:

Шпагетите распоредете ги во тава за печење и прелијте со маслиново масло и зачини. Потоа додадете го исецканиот лук, зачините, црвениот кромид и измешајте. На крај, истурете ја конзервата пелати, пиперката и пирето од домати.

Прелијте со вода, додадете босилек, измешајте и ставете ја моцарелата најгоре.

Печете 45-50 минути на температура од 190 степени.

Слични објави

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.
Се вчитува....