22.8 C
Скопје
13:46 - 19 октомври, 2026

Иако е здраво, некогаш НЕ ТРЕБА да користите маслиново масло

Маслиновото масло се спомнува како најздрав избор кога се во прашање маслата, но и ги прави повкусни сите јадења во кои е додадено.

Сепак, постојат одредени ситуации во кои треба да го заобиколите и тоа:

Ако не сте сигурни во квалитетот

Пред да го употребите во исхраната или како козметичко средство, треба да сте целосно сигурни во квалитетот на маслото. На пазарот има многу измешани масла или добиени преку поинакви методи, различни од ладното цедење.

При пржење

За пржење сепак треба да се користат сончогледово или палмино масло. При термичка обработка, маслиновото масло ги губи сите важни хранливи материи.

На скара

Маслиновото масло побрзо гори, па затоа и не е препорачливо да го користите за маринирање на месото за скара. Ако го сакате вкусот, подобро е испеченото месо да го попрскате со маслиново масло.

Козметички препарат

Особено треба да го избегнувате доколку имате кожа склона кон акни, бидејќи може дополнително да ги затвори порите на лицето и вратот.

За десерти

Причината е едноставна, маслиновото масло има силен вкус кој ќе го наруши вкусот на десертот.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....