31.8 C
Скопје
17:43 - 9 септември, 2026

БРЗА ВЕЧЕРА: Потпечени тестенини со сирење и компири (РЕЦЕПТ)

Иако ви изгледа како спој на неспоиви вкусови, всушност се работи за многу вкусна комбинација. Најважно е да јадете додека уште е топло.

Потребни состојки:

200 гр тестенини
Два компира
Мала главичка црвен кромид
Две чешниња лук
100 гр сирење
200 гр кисело млеко
Сол, бибер, масло
Две јајца

Подготовка:

Тестенините сварете ги. За тоа време исецкајте ги кромидот и лукот и заедно прорпжете ги. Настрана изматете ги јајцата, киселото млеко, сирењето, во нив додадете ги изренданите компири, а потоа и пропржените кромид и лук. Зачинете.

Прелијте врз тестенините, префрлете ги во подмачкана тава и печете на 220 степени, околу 40 минути, за да бидете сигурни дека компирите се зготвени.

Слични објави

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Полнет модар патлиџан на турски начин

Т.Ц.

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.
Се вчитува....