23:17 - 8 ноември, 2026

Што не треба да јадете кога ви се зголемени холестеролот и триглицеридите?

Холестеролот и триглицеридите претставуваат два облика на липиди (масти). Постојат два вида холестерол – ЛДЛ „лош“ и ХДЛ „добар“ холестерол.

Кога нивото на ЛДЛ холестеролот е високо, тој почнува да се лепи за површината на крвните садови, ја забрзува атеросклерозата и ја намалува еластичноста на артериите. Поради стеснување на артериите може да настапи инфаркт или мозочен удар. Покрај холестеролот, на оштетување на срцето делуваат и зголемените триглицериди, пишува Медиком.

Во продолжение прочитајте која храна е дозволена, а која забранета во случај на зголемен холестерол и триглицериди.

Дозволена храна

млеко и млечни производи – јогурт, кисело млеко, кефир, посно сирење во мали количини

јајца – белка

леб, пецива, тестенини – црн леб, ржан леб, леб од цели зрна, проја, ориз

месо, риба, морски плодови – сина и бела риба, пилешко и мисиркино месо, варено говедско, телешко и јагнешко, дивеч, димена шунка, пилешки гради

зеленчук – сите видови варен зеленчук, салата, производи од соја

овошје – јаболка, круши, портокали, лимони, мандарини, дуњи, јагоди, малини, капини, боровинки.

масло и масти – маслиново, соино, пченкарно, сончогледово масло

зачини – сите зачини

слатки – слатки со вештачки засладувачи, суви колачи без масти

пијалаци – чај и кафе без шеќер, минерална вода, природни сокови без шеќер

Забранета храна

млеко и млечни производи – полномасно млеко, овчо млеко, павлака, шлаг, путер, кајмак, полномасно сирење

јајца – жолчки

леб, колачи, тестенини – бел леб, лиснато тесто со путер и јајца, грицки, смоки, пецива

месо, риба, морска храна – масно свинско месо, говедско месо, јагнешко месо, паштети, колбаси, салама, чварки, сланина

зеленчук – компири во сите форми

овошје – грозје, банани, смокви, урми, кандирано и суво овошје, ореви, бадеми, лешници

масла и масти – маргарин, маст

зачини – мајонез, кечап

слатки – шеќер, мед, мармалад, џем, колачи, пудинг, сладолед, чоколадо

пијалаци – сите алкохолни пијалоци, сокови од тетрапак, газирани сокови, какао и топло чоколадо

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Искуство на пациент на Клиника „Жан Митрев“: Средба што зборува за доверба, благодарност и живот

Еспресо

Ништо повеќе не ве радува, иако животот ви изгледа нормално? Што е анхедонија и како да ја препознаетe

К.С.

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

Денеска е Светскиот ден на веганството — што се случува со организмот кога ќе престанеме да јадеме животински производи?

К.С.
Се вчитува....