2.8 C
Скопје
04:59 - 24 октомври, 2024

Внимателно со боите за јајца: Можат да предизвикаат алергии и други поголеми проблеми

Боите за јајца содржат состојки чии ефекти на здравјето не се познати. Во нив има додатоци или адитиви кои инаку се користат во прехранбените производи за да го променат изгледот и својствата на конечниот производ.

Така производите стануваат интересни, особено за децата. Предизвикуваат емоции па производот станува попривлечен и посакуваме да го купиме.

Јајцата обично се фарбаат така што се ставаат во обоена вода на некое време, а постојат и поразлични начини како што е триење. Боењето трае пократко ако бојата е поконцентрирана. Со подолго држење во боја истата се врзува со лушпата, а може да се обои и белката.

Во некои бои прво треба да се додаде оцет бидејќи повеќето бои подобро се задржуват за јајцето во кисели течности.

По правило овие бои се излачуваат од организмите или се разградуваат, а тие разградувања може да бидат делумни па може да настанат состави кои може да предизвикаат различни попречувања, како што се алергии, недостиг на концентрација, пречки во дишењето…Затоа со боите треба да бидеме внимателни.

Пред бојадисувањето јајцето прво треба да се исчисти со оцет за да се отстрани заштитниот слој на лушпата кој го штити јајцето од надворешни влијанија, како што се бактерии. Вака бојата полесно ќе се врзе за лушпата.

Инаку, Европскиот парламент во 2010-та година одлучил дека на декларацијата за храна, која во себе ги има вештачките бои E102, E104, E110, E122, E124, E129, мора да го пишува предупредувањето: “Може да предизвика пореметување во активноста и вниманието кај децата”.

Тоа е доволна причина критично да се размислува за можните опасности поврзани со користењето на тие адитиви. Меѓутоа, меѓу боите постојат и природни, како што е E101, која, всушност е витамин Б и дава жолта боја.

 

Природно бојадисување на јајца:

За кафена боја се користи лушпа од кромид која се вари со јајцата.

Жолта боја може да се добие со куркума, црвена од цвекло, сина од црвена зелка, а виолетова од боровница.

Сината боја од кесичка не се препорачува за користење пречесто бидејќи содржи Е 132, кој е поврзан за можните алергии.

Црвената боја од кесичка или Е 122 може да предизвика алергии, уртикарија или ринитис – надразнување на слузницата на носот.

Е 102 – Синтетичката жолта боја е на листата со бои за кои мора да пишува дека можат да предизвикаат пореметување на активноста и вниманието кај децата.

Слични објави

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Учество на интернационална конференција за хирургија на рака

еспресо

Интервју со примариус д-р Менду Јегени, болница „Санте Плус“: Високоризична бременост

еспресо

НН. Клиника „Жан Митрев“, настани: Љубовта кон себе е најважна

еспресо

Интервју со д-р Елма Абдула Хасанаговски, болница „Санте Плус“: Успешно работиме на спонтано, а безболно породување

еспресо

Европска очна болница (European Eye Hospital), од преглед до третман: Совршеност за здравјето на очите

Ј.К.Д

(Видео) Во Клиника „Жан Митрев“: Минимално инвазивно решение за „враснато влакно“

еспресо
Се вчитува....