07:13 - 29 ноември, 2026

НАМИРНИЦИ СО НАЈМНОГУ ПЕСТИЦИДИ: Кралот на зеленчукот скоро на врвот

Благотворното делување на витамините и минералите паѓа во втор план, бидејќи можните негативни последици од делувањето на пестицидите се посилни од користа.

Според податоците на непрофитната американска организација EWG, и покрај миењето, на повеќе од 65 проценти од овошјето и зеленчукот остануваат штетни хемиски супстанци кои предизвикуваат низа потешкотии и болести.

Пестицидите кај луѓето го зголемуваат ризикот од неплодност, дијабетес, хормонален дисбаланс и рак.

Според истражувањето на EWG за 2019 година, при врвот на листата со намирници со најмногу пестициди се најде кељот, кој спаѓа во најздравите намирници.

Според ова истражување, дури 60 проценти од испитаните главици кељ содржат канцерогени супстанци. Компирот, целерот, доматите, крушките, црешите, праските, грозјето, јаболката, нектарините, кељот, спанаќот, јагодите – се меѓу најзагадените со пестициди, без оглед колку пати ќе ги измиете и држите во вода, сепак пестицидите се задржани на нив.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Нова едукативна програма за трудници

Еспресо

Дали екраните навистина им штетат на децата? Осумгодишно истражување на фински научници откри изненадувачки резултати

К.С.

Оваа намирница може да ја подобри меморијата — научниците открија што се случува со мозокот ако ја јадете секој ден

К.С.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Планирате бременост?

Еспресо

Ви се спие кога врне? Науката објаснува зошто звукот на дождот нè смирува

К.С.
Се вчитува....