12:48 - 29 ноември, 2026

(ВИДЕО) МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ ГОТВИ ВО СВОЈАТА „МЕТАР НА МЕТАР“ КУЈНА: Пејачката подготви неодолива пица со многу сирење

Позната српска пејачка Марија Шерофовиќ преку своите „ЈуТјуб“ видеа неколкупати покажа дека не е многу вешта во кујната како нејзината мајка, но едно е сигурно – пејачката не се откажува.

Марија реши повторно да се обиде во кујната на задоволство на своите фанови. Пејачката ги „засука ракавите“ и реши овој пат да направи домашна пица со многу сирење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)


Пејачката како што напомена на почетокот на видеото, неодамна добила труење додека јадела пица и по тој случај нејзината мајка ја посоветувала да си направи сама домашна пица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)


Во својата малечка кујна или како што Шерифови ја нарекува кујна „метар на метар“, ги засука ракавите и почна со подготовката на тестото. По совет од нејзината мајка Верица, за подготовка убаво тесто за пица Марија користеше остро брашно, за разлика од класичното меко брашко кое го користиме секојдневно за други рецепти како леб и кифлички.

Марија чекор по чекор ја покажуваше подготовката на тестото за пица, а откако подготви „совршено“ округло тесто започна да ги фулува. Домашно пие од домати, многу морарела и италијанска шунка. Откако пејачката пицата ја преплави со сирење ја стави да се пече.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)


Откако пицата беше подготвена, Марија се почести со првото парче, а коментарот на пејачката беше дека тестото следен пат ќе го направи потенко, но како за прв пат вкусот на пицата бил одличен.

Добар апетит Марија!

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....