07:08 - 9 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Голем студ и силен ветер, подобрување на времето еве од кога

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди, подолги во западните предели. Ќе дува засилен, повремено СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец и истиот повремено на некои места ќе достигнува брзина до околу 80 км/час. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и студено со засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.
Според Попоски во следните неколку денови времето ќе биде стабилно и суво со многу повеќе сончеви периоди. Исклучок ќе биде утрешниот ден кога локално се уште ќе има повеќе облачност. Максималните температури ќе бележат тенденција на значителен пораст и истите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....