13.8 C
Скопје
02:45 - 30 септември, 2026

СИТЕ ПОЛУДЕА ПО МИЛАНОНА: 68-годишна корејска инфлуенсерка ве учи за убавината на годините

Џанг Мјунг Сук е меѓу најпознатите инфлуенсери во Јужна Кореја. Моден експерт, таа има работено интензивно во светот на модата низ светот и во Европа, поточно во Италија.  Миланона има речиси милион следбеници на Јутјуб. И една особеност: има 68 години.

Со бестселерот „Версаче се облекува покрај море, Армани се облекува во град“ инфлуенсерката ја прослави Италија во Азија. Инаку името Миланона и доаѓа од комбинација помеѓу Милано и нона (баба на италијански). Иако има 68 години по неа се луди младите од сите страни на светот.

– Сè започна кога една пријателка новинарка ме замоли за видео коментар на една модна тема, која потоа ја објави на Јутјуб: за само еден ден имаше над 10.000 претплатници. Тогаш не знаев ништо за социјалните мрежи. Прифатив да започнам со Инстаграм инфлуенсерство затоа што ми беше побарана услуга, а и самата сакав да им помогнам на младите луѓе да им се отворат вратите на светот, вели Јанг Мјунг Сук.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 밀라논나 (@mila_no_nna)

Во 2001 година, тогашниот италијански претседател Чампи ја прогласи Кавалиер дел Лаворо. Работела и како костимографка во театарот „Ла Скала“ во Милано, а во 1988 година на костимографијата за Олимпијадата во Сеул.

„Студирав мода во „Марангони“ во Милано, потоа се вратив во Кореја да бидам стилист и да предавам на универзитет додека една корејска стоковна куќа не ме замоли да станам консултант за продажба на најважните италијански модни брендови“, нагласува таа.

Миланона ги советува жените како да уживаат во своите години, без разлика на нивната возраст.

А во текот на корона-пандемијата постојано нагласуваше дека иако е тешко времето, не смееме да заборавиме на забавата.

– Мораме да го поминеме овој период, па затоа е подобро да го прифатиме и да се забавуваме, максимално да уживаме во секој момент од животот и храбро да се соочиме со се што ни се случува. Секогаш си велам: забавувај се денес, зашто еден ден ќе мора да исчезнеме!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 밀라논나 (@mila_no_nna)

Слични објави

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо
Се вчитува....