07:08 - 9 ноември, 2026

(ВИДЕО) ВЕСНА БЕЈБИ УПАТИ ПОРАКА ДО ЕВН ЗА ЈАНУАРСКИТЕ СМЕТКИ: „Човек не знае што да прави кога ќе ги види“

Весна Бејби Петрушевска, откако пред неколку години ѝ падна автомобилот во Вардар, стана дел од рекламната кампања на ЕВН за плаќање на сметки онлајн, но и таа е згрозена од сметките кои ѝ пристигнаа за струја во јануари и реагираше со видео објава на Фејсбук, пишува „Слободен Печат“.

„Слушам се жалите поради сметките за струја. Да ви кажам, мене едната ми е 14.000 денари, другата 18.000 денари. Знаете кога ќе им ги вадам јас сметките друг пат од вода? Кога јас ќе се фрлам во Вардар, па нека ме вадат ЕВН од таму. Стварно се ненормални“ вели Петрушевска.

Шокирана од висината на нејзините сметки, таа вели дека „човек не знае што да прави кога ќе ги види тие сметки“.

„На крај мора да платиш. Рекетари едни“ додава на крајот Петрушевска.

Со оглед на тоа што многу граѓани деновиве реагираа на енормно покачените цени за струја од компанијата ЕВН соопштија дека станува збор за редовно порамнување и тоа што од 1. јануари поскапи струјата за 9,48 проценти, а се укина и дневната ефтина тарифа за струја. Ноќната евтина тарифа и евтината тарифа во недела останаа.

КОРИСНИ СОВЕТИ ЗА 2022 ОД ВЕСНА ПЕТРУШЕВСКА: Не верувајте им…

 

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....