Пејачката Никол Шерцингер ужива на одмор во Италија, каде „пука“ од сексипил…
Една од најубавите жени во светот, пејачката Никол Шерцингер (40) веќе со денови се наоѓа во Италија, каде е на одмор. Американската секс-бомба редовно на Инстаграм поставува фотографии од оваа европска земја, повеќето во костим за капење.
Овој пат, Никол се сликаше во розево бикини. На едната слика се гледа како медитира во истите, при што до израз дојде нејзиниот сексипил.
А што да кажеме за следната фотографија, каде лежи на една карпа. Таа уште еднаш покажа дека изгледа прекрасно, а многу нејзини обожаватели кажаа дека таа е вистинска бомба.