17.8 C
Скопје
08:58 - 31 мај, 2026

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Дарко Лазиќ остана без својот брат Драган, кој загина на 11 март во сообраќајна несреќа. Дарко собра сили и го одржа својот прв настап по трагедијата, но на социјалните мрежи луѓето коментираа на разни начини – па дури му пишуваа дека не е во ред да настапува, бидејќи не поминале ни 40 дена од смртта на брат му.

Во овие тешки моменти, Дарко доби поддршка од семејството, а сега на Инстаграм сподели силна порака:

„Го имаш Бога и тоа ти е повеќе од доволно“, објави пејачот, кој сега ја презеде одговорноста да се грижи за семејството на својот брат.

Дарко призна дека тешко се носи со загубата на братот, но мораше да се врати на пејачката сцена.

„Не знам што би ти кажал… Прифатив, едноставно… Животот продолжува, а за жал понекогаш не е фер, но мојата работа е да пеам и морав да продолжам. Знам дека прво тој не би сакал да престанам да пеам. Некогаш прочитав дека луѓето коментираат: „Срам те било, не поминале ни 40 дена, а веќе одиш да пееш…“ Само си помислив, луѓе, имате ли малку респект? Јас сепак морам да издржувам три семејства – рече Дарко, признавајќи дека му е тешко додека пее, но дека мора да се грижи не само за своето, туку и за семејството на покојниот брат.
Најмногу би сакал, ако можев да го вратам, никогаш повеќе немаше да пеам. Но, мојата публика очекува да пеам, а првиот тој би бил лут ако знаеше дека не пеам. Тој е секогаш со мене, гледа од подобро место. Еве, вечерва првпат ќе пеам за него, и ќе продолжам цел живот. Морам да бидам силен, бидејќи останав сам со нив. Кога би паднал јас, и тие би потонале уште повеќе во тага. Се трудиме да ги охрабриме и да ги подигнеме, тука сум да ја градиме кулата што се сруши. Да се обидам да го заменам неговото место и да ја пополнам празнината. Јас останав како глава на семејството – морам да се грижам за тие деца, за мајката, снаата… Тој не беше сам, ме имаше и мене. Јас ќе бидам тука за него, а тој ми дава сила“, рече Дарко за „Телеграф“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DARKO LAZIĆ (@darkolazicofficial)

Слични објави

Хороскоп за 31 мај: Близнаците ќе привлекуваат со својот шарм, Стрелците ќе доживеат љубовна авантура

Еспресо

Дали го препознавате ова девојче? Денес е една од најатрактивните водителки

Еспресо

(Фото) „Најголемиот благослов“: Немања Гудељ со емотивна порака за роденденот на Анастасија Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Бутик „Прагма“ – омилен избор за жените кои сакаат впечатлив и софистициран изглед

apostolova

Анѓелка Прпиќ ослабела без гладување: Утрото го започнува со посебен пијалак, ова ѝ помогнало најмногу

Еспресо

„Бев смртно вљубена, а тој ме избегнуваше“: Мина Костиќ отворено за првата љубов

Т.Ц.
Се вчитува....