09:09 - 13 ноември, 2026

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

Водителката Александра Пановска-Илиевска објави романтични слики со сопругот покрај вода, и сподели љубовна порака:

„Да сакаш и да бидеш сакан е најприродниот израз…ЉУБОВ!“, напиша водителката на Утринската прогамар на „Канал 5“, „Здраво Македонијо“.

Ненаметлива и скромна, Александра Пановска-Илиевска е една од нашите најпопуларни ТВ-лица. Дел од приказните што со љубов ги раскажа во едно интервју за „Слободен печат“ е како го запознала сопругот Александар, пред повеќе од 20 години.

„Одамна се запознавме преку заеднички пријатели. Најдрагите сеќавања ми се патувањата. Секогаш и ден-денес останавме исти… не ни е потребно многу за да се решиме и нурнеме во авантура на одредена дестинација. Сакаме и двајцата да патуваме, да се дружиме и имаме многу голем круг пријатели и секогаш кога правиме одреден план, некој случајно намерно или ненамерно ќе се приклучи. Со луѓе секогаш и секаде е позабавно. Искрената љубов нѐ спои, а верувам и се надевам дека низ годините ќе ја одржиме“, рече водителката која е мајка на петгодишната Сара.

 

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....