27.8 C
Скопје
18:42 - 20 јуни, 2026

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

​Познатиот македонски бодибилдер и фитнес тренер, Тоше Зафиров отворено изјави дека секој маж сака секс и добра храна, а жената тоа треба да му го овозможи за да не помисли на друга.

На својот инстаграм-профил тој сподели дел од гостување на ТВ „Канал 5“ каде отворено прозборе за својот приватен живот и односот со неговата сопруга Габриела. ​Според Зафиров, клучот за стабилна врска лежи во разбирањето на потребите на мажот и негово целосно поддржување во секојдневните активности и интереси.

​„Жената треба да знае точно што сака мажот и да биде толку итра за да знае да му влезе под кожа на мажот, мажот да нема време и да не размислува за друга. Ако мажот сака спорт, помогни му и биди со него во спортот. Сака фудбал да гледа, седни пет минути навивај за неговиот тим. Сака убава кола, пофали му ја колата. Сака нешто да направи, биди со него цело време. Мажот што сака? Секс и добра храна. Дај му секс, добра храна, мажот нема да му текне никогаш на друга и секогаш ќе биде со тебе“, рече Зафиров и откри детали за неговата љубов со сопругата Габриела и за тоа како им почнува еден ден.

​„Мене ми е животот убав и јас сум со Габриела. Ми почнува денот со: ’Добро утро злато, како си?‘, првата порака. Навечер легнуваме, се држиме за рака. Тоа држење за рака не е случајно. Таа енергија што ја имаме помеѓу нас двајцата, таа е взаемна енергија, чувствуваме додека легнуваме да спиеме. И спиеме мирно и слатко“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tode Zafirov (@tosezafirov)

Слични објави

Готвачка откри што најмногу сака да јаде Здравко Чолиќ: Уживал во домашно готвени јадења

Еспресо

(Видео) Ноќевање чини 1.000 евра – Марија Шерифовиќ ги спакува куферите и отиде на оваа луксузна дестинација

Еспресо

Болката не стивнува — таткото на починатата планинарка Калина Велевска потсети на важна приказна за неа

Еспресо

Вака Анастасија Ражнатовиќ ослабе 20 килограми — една работа е клучна, а сега ја откри тајната на својот совршен летен оброк

E.A.

„Можеби се задолжуваат и земаат кредити за да снимат песна“ – Индира Радиќ проговори за естрадата, колегите, снаата Русинка и бракот

E.A.

Дали некогаш сте пробале праски на скара или во салата? Oвие комбинации пријатно ќе ве изненадат

Т.Ц.
Се вчитува....