14:53 - 7 ноември, 2026

Прво официјално појавување на кралицата Елизабета по Мегзит: Хари и Меган ја шокираа јавноста, а таа ниту да трепне! (ФОТО)

Кралицата Елизабета прв пат официјално се појави во јавноста по неочекуваната одлука за напуштањето на кралската должност на принцот Хари и војвотката Меган Маркл.

Кралицата, која сега прослави 68 години на престолот, ја посети Кралската воздухопловна база во местото Мархам, на истокот од Англија.

Беше ова нејзиното прво официјално излегување откако нејзиниот внук Хари и неговата американска сопруга Меган ја шокираа јавноста со повлекувањето со цел да поминуваат повеќе време во Канада и САД, пренесува Ројтерс.

Кралицата донесе одлука дека парот повеќе нема да биде дел од британската монархија, дека повеќе нема да ја има титулата „кралско височество“ и дека ќе биде финансиски независен.

Од нејзиното последно јавно појавување, кралицата го обнови својот однос со другиот син, принцот Едвард. Во текот на посетата на Кралската воздухопловна база Мархам кралицата беше облечена во праска боја, додека се смешкаше во текот на ракувањето со вработените.

Базата Мархам, која ја сочинуваат повеќе од 3.600 луѓе, е основана во 1916 година со цел да го брани британскиот округ Норфолк од Германија во текот на првата светска војна.

Мархам исто така е дом на ловечките авиони F-35B.

Принцот Чарлс и неговиот најстар син принцот Вилијам служеле тука како пилоти, додека принцот Хари и леташе во текот на неговата десетгодишна воена кариера во Кралската воздухопловна база, која ја заврши во 2013 година.

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....