22.8 C
Скопје
14:01 - 14 мај, 2026

Рецепт за совршена Цезар салата

Приказната за Цезар салатата е исто толку сочна колку и самата салата. Спротивно на распространетото верување, нејзиното име нема никаква поврзаност со римскиот император. Ја создал Цезар Кардини, италијански имигрант кој во дваесеттите години од минатиот век водел ресторан во Тихуана, Мексико. Според легендата, салатата настанала од потреба, за време на особено прометен викенд, кога Кардини морал да импровизира со состојките што му останале во кујната. Резултатот била генијална комбинација од едноставни состојки која ги воодушевила гостите и се запишала во историјата на гастрономијата.

Рецепт за совршена Цезар салата

Вистинската Цезар салата е збир од нејзините совршено подготвени делови. Секоја состојка има своја улога, а клучот на успехот лежи во квалитетот и внимателната подготовка.

Состојки (за 2–3 лица)

За салата и пилешкото:

1 голема главица зелена салата
2 парчиња пилешки гради (околу 400 г)
зачини за пилешко: сол, бибер, 1 лажичка лук во прав, 1 лажичка димена пиперка
маслиново масло за печење

За домашни крутони:

2–3 подебели кришки стар леб (багет)
2 лажици маслиново масло
1 чешне лук
прстофат сол

За кремаст дресинг:

100 г квалитетен мајонез
50 г свежо рендан пармезан (+ дополнително за посипување)
сок од половина лимон
2–3 филети солени инчуни (или 1 лажичка паста од инчуни)
1 чешне лук, ситно сечкано или истолчено
1 лажичка сенф
свежо мелен црн бибер

Подготовка:

Подготовка на крцкави крутони:
Загрејте ја рерната на 180 °C. Лебот исечете го на коцки со големина на залак. За посебна арома, протиснете го лукот во маслиновото масло и прелијте го лебот – така ќе добиете богат вкус без ризик лукот да загори. Посолете, измешајте добро, распоредете на плех и печете 10–15 минути, додека не добијат златна и крцкава текстура.

Подготовка на сочни пилешки гради:

Пилешкото извалкајте го со мешавина од сол, бибер, лук во прав и димена пиперка. На загреана грил тава со малку маслиново масло печете 6–8 минути од секоја страна, додека не добие златно-кафеава боја. Оставете го месото неколку минути да одмори, па исечете го на ленти.

Подготовка на дресингот:

Во мала чинија издробете ги инчуните и лукот до паста. Додадете мајонез, пармезан, лимонов сок, сенф и бибер. Сè добро измешајте додека не добиете кремаст сос. По потреба дополнително зачинете.

Склопување на салатата:

Зелената салата измијте ја, добро исушете ја и искинете ја на поголеми парчиња. Во голем сад нежно измешајте ја со дресингот – секој лист треба само лесно да биде обложен. Потоа додадете го пилешкото и лесно промешајте.

Совети

Крутоните и пармезанот секогаш додавајте ги на крај, непосредно пред сервирање, за да останат крцкави. Ако ја подготвувате однапред, сите состојки чувајте ги одвоено. Дресингот може да стои во фрижидер до една недела, пилешкото и салатата неколку дена, а крутоните најдобро е да се чуваат во херметички затворен сад на собна температура. Така во секој момент ќе можете да подготвите свежа и вкусна салата за само неколку минути.

Слични објави

Сале Тропико најави брак, а Јована Пајиќ порачува — „Осуден си на разделување…“

Е.А.

(Фото) Голема среќа во семејството на Ѓоко Јовиќ, убавата Теодора е матурантка

msp-admin

Вечерва се одржува второто полуфинале на Евровизија: Според обложувалниците, Данска е најголем фаворит за влез во финалето

Т.Ц.

Мис Бугарија и капитенот на Левски го очекуваат своето второ дете — по големата трагедија, семејството сподели среќна вест

Е.А.

Атина и Ника го украдоа шоуто — Душко Тошиќ го следеше финалето на Купот на Србија со наследничките 

Е.А.

За неа летото веќе започна — Ана Ивановиќ ги „подгреа“ социјалните мрежи со нови фотографии

Е.А.
Се вчитува....