16:09 - 21 ноември, 2026

Сале Тропико најави брак, а Јована Пајиќ порачува — „Осуден си на разделување…“

Пејачката Јована Пајиќ отворено говореше за љубовта, бракот и односите, признавајќи дека повеќе нема желба повторно да застане на „лудиот камен“. По разводот од Александар Цветковиќ (Сале Тропико), со кого има две ќерки, Јована , за разлика од својот поранешен сопруг кој изјави дека е подготвен за втор брак, вели дека денес на бракот гледа потполно поинаку.

„Немам такви амбиции. Мислам дека тоа е надминато во смисла дека не ми гарантира никаква долговечност. Сметам дека добар однос со некого може да постои и цел живот, а да не е нужно поврзан со брак. Јас имам две ќерки кои пораснаа и кои ми се доволни во животот, немам амбиции да добијам уште деца. Дефинитивно никогаш повеќе нема да се омажам“, изјави пејачката.

Јована потоа искрено зборуваше за тоа колку денес ѝ годи мирот што го има во својот живот, но и како партнерските односи се менуваат со текот на времето.

„Мирот ми е сè. Нема прашања кога ќе дојдам дома: ‘каде беше’, ‘зошто така се облече’, ‘што правеше’, ‘зошто се дружиш со овој’… Едноставно, на почетокот сите сме прекрасни и сакаме да се воодушевиме еден со друг, па и она што е најлошо ни е преубаво“, објасни таа.

Како што вели таа, вистинските проблеми настануваат кога партнерите со текот на времето ќе престанат да се развиваат во ист правец.

„И нему му смрдат чорапите, и тој ќе дојде дома, ќе се завали на каучот и ќе менува канали и нема да има разбирање. Кога не се развиваш во иста насока и не си партнер, ти си осуден на разделување“, искрено заклучи Јована во емисијата „Ако проговорам“.

Слични објави

Некому нова љубов, некому напредок на работа — кој е најсреќниот месец за вашиот знак во 2027 година?

К.С.

(Фото) Српската естрада денеска го слави Свети Архангел Михаил: Сармите на Брена им се омилени на сите, Чолиќ оди во црква со ќерка си, Неда го собира семејството на ручек

Еспресо

(Фото) Од борбата повторно да застане на нозе до уживањето во ледените води – Ледената кралица Бетика покажа што ја прави среќна

apostolova

Оваа намирница може да ја подобри меморијата — научниците открија што се случува со мозокот ако ја јадете секој ден

К.С.

Зорица Брунцлик за тешкото детство: „По разводот, кај мајка ми јадев едно јајце поделено на четири“

К.С.

„Можете да ме побарате на телефон“ – Ребека Јанковска-Ристески им понуди поддршка на родителите на деца со посебни потреби

Еспресо
Се вчитува....