23:51 - 30 октомври, 2026

(Фото) Голема среќа во семејството на Ѓоко Јовиќ, убавата Теодора е матурантка

Фолк-пејачот Ѓоко Јовиќ и неговата сопруга Ивана имаат огромна причина за славење. Нивната најстара ќерка Теодора, матурираше, а гордиот татко ја сподели семејната среќа со јавноста преку емотивна фотографија на која позира целото шестчлено семејство.

Јовиќ, кој важи за еден од највредните и најангажираните музичари на нашата сцена, никогаш не криел дека најголемото богатство му е токму семејството — сопругата Ивана, ќерката Теодора и нивните три сина. За овој важен животен чекор на нивната „принцеза“, тој упати искрени и длабоки зборови кои допреа до срцата на многумина.

На преубавата семејна фотографија, Теодора блеска во елегантен црвен фустан, опкружена со љубовта на своите најблиски, а годриот татко напиша:

„Среќна матура, принцезо наша!

Денес е посебен ден за сите нас, затоа што гледаме како нашето мало девојче порасна во прекрасна, паметна и добра девојка. Нека оваа матура биде почеток на еден убав животен пат исполнет со среќа, љубов и успеси.

Запомни дека секогаш ќе бидеш нашата најголема гордост и најсилна љубов. Премногу те сакаат ТАТО, МАМА и твоите три ЛАВА. Секогаш чекори со крената глава, насмевка и добро срце, затоа што ти заслужуваш само најубави работи во живот…“

Слични објави

Ѓоле Ѓогани искрено за бракот и имотот: „Се плашам повторно да не се разведам“

E.A.

Александра Радовиќ за тајната на својата линија и достоинственото стареење: „Не сакам да изгледам како мојата ќерка ниту да бидам пластична“

E.A.

Сара Јо го прослави 33. роденден со партнерот Алексеј Бјелогрлиќ – тој ја изненади со голема торта

Еспресо

(Фото) Живкица Каленикова ужива во есенскиот Њујорк: Романтично патување со сопругот Зоран

К.С.

Слоба Радановиќ ѝ го честиташе роденденот на сопругата на полноќ: „Среќен роденден, љубов моја“

Еспресо

Откажан настапот на Весна Змијанац поради здравствени проблеми: Пејачката се огласи и откри зошто нема да пее

Еспресо
Се вчитува....