22.8 C
Скопје
13:01 - 28 септември, 2026

Анѓелка Прпиќ ослабела без гладување: Утрото го започнува со посебен пијалак, ова ѝ помогнало најмногу

Српската актерка Анѓелка Прпиќ (41) зад себе има две породувања, но и покрај тоа, изгледа фантастично.

Во една прилика актерката открила како по второто породување успеала да се ослободи од вишокот килограми и да ја доведе својата фигура до совршенство.

Анѓелка побарала помош од нутриционист кој ѝ дал посебен план на исхрана, со кој ја довела линијата до совршенство.

– За жал, спаѓам во оние жени на кои два килограми им се гледаат и затоа мора да внимаваат што јадат. Проблемот не е во исхраната, туку во нездравите навики од кои тешко се ослободувам. Всушност, кога првпат почнав сериозно да се занимавам со мојот нутритивен внес, сфатив дека морам да се препуштам на професионалец – рекла актерката.

– Наместо да земам пет редовни оброци на секои четири часа, се хранев кампањски, честопати прескокнувајќи го појадокот или ручекот. Докторката ми го посочи и моето лошо комбинирање на намирници. Не е лесно секој ден да се биде роб на некаков распоред на исхрана, но успеав да се прилагодам на своето животно темпо и обврски, а богами и на мојот паричник, што денес не е занемарливо – објаснила таа тогаш.

Анѓелка Прпиќ јаде на секои 3 до 4 часа, а како што вели, утрото го започнува со посебен пијалак.

– Грешев, признавам! Но, успеав да влезам во нов режим и да ги видам резултатите. Во најстрогите моменти од диетата, моето мени вклучува белки од јајца, двопек, безмасно сирење и јогурт, пилешко или мисиркино месо, туна во сопствениот сок, месо на скара (освен свинско), големи количини благо зачинета салата, темно чоколадо и тоа баш кога мора, супа од зеленчук, малку бадеми, вода, лимонада, зеленчук на скара, малку овошје… Се трудам денот да го започнам со пијалакот саси, кој се прави од вода, ѓумбир, нане, краставица и лимон. Но, бидејќи сум мајка, времето што си го посветувам себеси е ограничено, а со тоа и ритуалите – рекла Анѓелка, пренесува „Здравје без лекови“.

 

Слични објави

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.

(Фото) Нина Бадриќ во елегантно и заводливо издание – прошета по улиците на Париз во тесен црн фустан

Еспресо

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Еспресо

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо
Се вчитува....