14:11 - 7 ноември, 2026

„Бев смртно вљубена, а тој ме избегнуваше“: Мина Костиќ отворено за првата љубов

Пејачката Мина Костиќ неодамна јавно проговори за својот љубовен живот, искрено споделувајќи со публиката детали кои ја одбележале нејзината младост, но и некои тешки искуства со поранешни партнери.

Присетувајќи се на својата младост, пејачката откри дека на 17 години била интимна со нејзиниот сосед.

Сепак, нејзината прва голема љубов била нејзиниот школски другар, во кого била „смртно вљубена“ уште од прво одделение, а чувствата ја следеле сè до средношколските денови.

– Што се однесува до соседот, во мојата прва симпатија бев вљубена од прво одделение во основно училиште, па сè до средно. Тој беше мој школски другар. Бев смртно вљубена, а тој ме избегнуваше. Целото училиште знаеше дека ми се допаѓа, па учителката ме стави да седам со него, но тој уште повеќе ме избегнуваше. На сите начини се обидував да му се приближам, но залудно – изјави Мина за Телеграф.рс и додаде:

– Првиот бакнеж се случи во Виена. Не ми „трепереа“ нозете, не ни знаев како изгледа тоа. Имав 17 години, тој беше мој сосед. Свиреше тапани. Тој беше првото момче со кое водев љубов – раскажала Мина.

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....