25.8 C
Скопје
13:40 - 30 мај, 2026

Сината месечина на 31 мај носи големи пресврти: Проверете што му подготвува на вашиот хороскопски знак

Првата календарска Сина Месечина по 30 август 2023 година ќе се појави на 31 мај во 10:45 часот наутро. Оваа микромесечина ќе се наоѓа во најоддалечената точка од својата орбита во однос на Земјата, поради што ќе изгледа помала од вообичаено. Сепак, иако поради својата елиптична орбита ќе биде најоддалечената Месечина оваа година, нејзината силна и интензивна енергија ќе се почувствува мошне изразено.

Овен

Потрагата по искреност ве води на длабоко патување низ сопствените морални начела. Ќе сфатите колку често сте ги занемарувале сопствените вредности само за да одржите мир и хармонија со другите. Сега веќе не се плашите да го кажете она што го мислите, без оглед на тоа како ќе звучи или како ќе се почувствуваат другите. Целосно сте автентични и ја живеете својата вистина.

Бик

Емоциите што долго време тлееле под површината сега сакаат да излезат на виделина. Проблемот е што сакате одредени информации да ги задржите само за себе и да ја сочувате својата приватност. Додека блиските пријатели ве поттикнуваат отворено да зборувате за чувствата, вие копнеете по дискретност. Имате право да го задржите за себе она што го сакате и другите треба да го почитуваат тоа.

Близнаци

Ја идеализирате личноста што ја сакате и на која ѝ се восхитувате. Но ја поставувате на пиедестал со очекувања и стандарди што никој не може да ги исполни. Таа личност е само човек и не е совршена. Симнете ги розовите очила и прифатете ги нејзините ранливости – токму во нив се крие најубавиот дел од нејзината личност. Бидете реални во своите очекувања.

Рак

Престанете да играте на сигурно и да се држите до зоната на комфор! Враќањето на сопствената енергија ќе ви помогне да излезете од рутините што повеќе не одговараат на личноста што сте денес. Посветете се на хобија или проекти што вистински ве исполнуваат и ја хранат вашата страст. Радуvaјте се на нови искуства, дружења и средини што внесуваат свежина во секојдневието. Време е да излезете од својата школка и да станете поавантуристички настроени.

Лав

Без разлика колку пати ќе паднете, најважно е да имате сила повторно да станете и да се борите за она што го сакате. Ова чувство особено ќе дојде до израз за време на Сината Месечина, кога ќе бидете повлечени на повеќе страни одеднаш, а вашите основни уверувања ќе бидат ставени на тест. Преплавувачките емоции можеби ќе ве забават, но решителноста и внатрешната сила ќе ве водат напред.

Девица

Повторното поврзување со младешките соништа ве мотивира да го прифатите делот од себе што некогаш сте го сакале. Не го лекувате само вашето внатрешно дете, туку повторно си дозволувате да сонувате. Со оживувањето на старите желби создавате подобра сегашност и посветла иднина. Разбудете безусловна љубов кон себе, а надежта природно ќе го замени стравот и ќе ја зајакне храброста.

Вага

Се чини дека сите одеднаш ве покануваат на прослави и дружења. Не сакате никого да разочарате, па внатрешниот порив ве тера на сите да им одговорите потврдно. Проблемот е што, обидувајќи се на сите да им угодите, може случајно да закажете повеќе настани во исто време и на крајот да се чувствувате фрустрирано. Ако добро го организирате распоредот, можно е да пронајдете рамнотежа.

Скорпија

Енергијата на Сината Месечина ги поттикнува вашите финансии и отвора можност за зголемување на приходите. Но, за просперитет ќе треба да преземете одреден ризик, било преку вложување во стартап или преку продажба на сопствен труд преку интернет. Важно е свесно и посветено да ги развивате своите способности за да привлечете повеќе изобилство и заработка. Овојпат ѕвездите ви се наклонети.

Стрелец

Повлечете се од центарот на вниманието и посветете време на одмор. Грижата за себе и нежноста кон сопствените потреби сега се исклучително важни бидејќи сте особено чувствителни и емотивни. Со своите емоции ќе се справите така што ќе ја негувате сопствената душа и ќе си го дадете вниманието што го заслужувате. Размислете како да пронајдете здрава рамнотежа меѓу друштвениот живот и времето потребно за закрепнување за време на Сината Месечина.

Јарец

Се наоѓате на прагот на големи промени што ве инспирираат храбро да зачекорите кон откривање на својата скриена суштина. Емоционалниот пробив што доаѓа ќе отвори ново животно поглавје во кое повеќе ќе ѝ верувате на интуицијата отколку на студената логика. Пораките што ви ги испраќа универзумот ве водат кон личен раст.

Водолија

Во последно време поминувате многу време дома и сте фокусирани на семејните обврски. Грижата за другите може да ве исцрпи и да ја разбуди желбата и самите да се потпрете на некого. Токму кога ќе помислите дека сте сами, ќе се покаже спротивното. Вашите пријатели се подготвени да ви пружат поддршка, совет и помош. Дозволете им да ви бидат потпора.

Риби

На хоризонтот се појавува одлична деловна можност што ви го враќа ентузијазмот. Сепак, постои една замка – потајно се сомневате во своите способности, иако токму вие сте најдобрата личност за таа работа. Збунувачките емоции би можеле да ја одложат вашата одлука, но кога ќе се зајакнете со позитивни афирмации и самодоверба, ќе бидете подготвени да тргнете напред.

Слични објави

„Тогаш почна пеколот…“: Анабела и Гаги Ѓогани проговорија за тешкиот период со зависностите

Еспресо

„Мислеа дека сум се удавила во Дрина“: Неда Украден откри како бегала од осаменоста

Т.Ц.

„Бев тажна во длабочината на душата“: Милица Тодоровиќ му се обратила на Новак Ѓоковиќ кога ѝ било најтешко

Еспресо

Хороскоп за 30 мај: Скорпиите ќе бидат нервозни и ќе се караат, Лавовите ќе имаат убав љубовен живот

Еспресо

(Фото) Сексапилната Украинка можеби нема богата актерска кариера, но секогаш е ѕвезда на гламурозните настани

Т.Ц.

Соседите со пофални зборови за Лепа Брена: Со нож во рацете тргнала да ги заштити

Еспресо
Се вчитува....