8.8 C
Скопје
22:40 - 18 октомври, 2026

Тања Бошковиќ призна дека во младоста ги малтретирала колегите: И ден-денес ми е срам за тоа

Тања Бошковиќ призна дека во младоста била прилично темпераментна, па дури и дека жали за некои свои постапки.

Глумицата истакна дека знаела да биде груба кон луѓето со кои соработувала, но денес, како што вели, чувствува срам поради тоа.

„Вистина е дека низ ходниците на театарот ги бркав и ги тепав балерините, бидејќи не сакаа да вежбаат онолку колку што јас мислев дека треба. И ден-денес ми е срам. Многу ми е срам. Тоа воопшто не е симпатично, напротив. Тоа беше чист безобразлук од моја страна. Бев невозможна личност“, пренесува „Blic“.

„Жал ми е, им се извинувам на сите тие прекрасни девојки кои ги малтретирав, а кои, всушност, ми дадоа многу љубов. Од нив многу научив. Беа добри, беа толерантни кон таа бесна аждаја каква што бев во младоста.“

Тања откри и кога се променила.

„Кога ги родив децата, тогаш го видов Бога. Навистина го видов. Тогаш сфатив дека ништо не можам без него. Сè што се обидов без него – промашив. За големи гревови сум виновна и сфатив дека беше последен момент да почнам да се каам, инаку ќе го уништев и она што Господ ми го подари – моите деца“, истакнала таа.

„Сериозно се запрашав што никогаш повеќе не смеам да правам и што морам да направам. Тоа беше пресвртница. Многу талкав“, заклучила актерката.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....