11:06 - 27 ноември, 2026

Дали го препознавате ова девојче? Денес е една од најатрактивните водителки

Душица Јаковљевиќ со години е едно од најпрепознатливите лица на телевизија Пинк, а често привлекува внимание и со своите физички трансформации. Водителката никогаш не криела дека направила естетски корекции и во повеќе наврати отворено зборувала за нив.

Неодамна Душица отвори дел од својот семеен албум и на социјалните мрежи сподели фотографии од детството и тинејџерските денови. На објавените фотографии може да се види како изгледала како девојче, но и во периодот пред да стане познато телевизиско лице.

Фото: Скриншот

 

Иако со текот на годините направила неколку естетски зафати, многумина забележаа дека нејзините препознатливи црти на лицето останале речиси непроменети.

Душица Јаковљевиќ е родена на 14 ноември 1981 година во Белград. Уште од најрана возраст покажувала интерес за уметноста, посетувала часови по балет и пеење, а била дел и од детскиот хор „Колибри“. Подоцна интересот кон сцената ја одвел во театарот „Бошко Буха“, а веќе на 17-годишна возраст ги направила своите први новинарски чекори.

Фото: Инстаграм

Кариерата ја започнала на Радио Академац, а потоа работела на неколку телевизии и продукциски куќи. Со текот на времето стана едно од најпрепознатливите телевизиски лица во Србија, особено благодарение на ангажманот на телевизија Пинк, каде што беше водителка на емисиите „Фарма“, „Задруга“, „Пинкови ѕвездички“ и други популарни проекти.

Слични објави

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо
Се вчитува....