30.7 C
Скопје
13:53 - 15 јуни, 2026

За Македонката Милена од Неготино пееше цел регион – нејзината средба со Рајко Дујмиќ од „Нови фосили“ е преточена во најубавите стихови

Речиси и да нема човек во регионот што не го знае текстот на легендарниот хит „Милена“, но малкумина знаат кому всушност му е посветена песната на „Нови фосили“.

Станува збор за Македонката Милена од Неготино, која го инспирирала покојниот Рајко Дујмиќ за еден од најголемите хитови на југословенската дискографија.

Дујмиќ ја сретнал Милена на морскиот брег во Херцег Нови. Како што своевремено раскажал, нивниот разговор траел цела ноќ.

„Седев со неа цела ноќ, беше од мојата генерација, и разговаравме непрекинато до раните утрински часови. Беше социјална работничка во Неготино. И реков дека ќе се заврши со песна. Не ми веруваше, мислеше дека тоа ѝ го зборувам на секоја девојка. Но ѝ реков дека ќе се разделиме и можеби никогаш повеќе нема да се видиме, но ќе сфати дека никогаш не лажам“, изјави еднаш Рајко Дујмиќ.

Нивната средба продолжила на концерт во Неготино во рамки на турнејата „Milena Generacija“. Дујмиќ подоцна се присетил и на моментот кога повторно ја видел.

„Чуварот ми пријде и ми рече дека ме бара жена со сопруг и две деца. Тоа беше мојата Милена. Кога ме виде, почна да плаче и ми рече дека не може да верува дека вакво нешто е можно. Тогаш ѝ реков дека човекот стои зад својот збор, а бикот зад роговите“, раскажал Дујмиќ.

Песната е објавена во 1983 година на албумот Poslije svega. Оттогаш, песната стана безвременски хит препознатлив за генерации слушатели.

Интересно е што првата верзија на стиховите гласела: „Мириса на вариво, живее со свекрва“.

„Кога Рајко го виде тој текст, само ми рече: ‘Јас ова не можам да го отпеам’. Па следното утро дојдов со нови стихови: ‘Мириса на јаболка, живее како потстанар’“, раскажал творецот на една од најубавите песни на овие простори, Зринко Тутиќ.

За жал Милена почина во јануари годинава.

„Со голема тага ја споделуваме веста дека почина Милена, жената чија нежност и животна приказна станаа вечен дел од југословенската музичка историја. За пошироката јавност таа беше инспирација за безвременскиот хит на групата Нови фосили, но за нашето семејство беше моја тетка, полусестра на татко ми. Речиси и да не постои човек од постарите генерации што не ги знае стиховите на оваа песна, но помалку е познато дека таа е посветена на Милена од Неготино“, напиша внуката на Милена, Мира Митрова.

Слични објави

(Фото) Црна чипка и длабоко деколте – Ќерката на Чолиќ мами воздишки во минијатурен фустан

Еспресо

„Сакајте некого – бесплатно е и убаво“: 17 правила за среќен живот на Рамбо Амадеус

Еспресо

(Фото) Еве кое училиште го завршила Атина Тошиќ: Јелена и Душко плаќале 15.000 евра годишно

Еспресо

„Ми велеше дека никој не би ме сакал да не се омажев за него“: Сузана Манчиќ проговори за првиот брак кој ја довел до депресија

Т.Ц.

Што навистина крие индексот на водителката Николина Пишек?

Т.Ц.

„Четири месеци лежев во кревет, не можев да одам“: Вељко Ражнатовиќ откри низ каков тежок период поминал

Еспресо
Се вчитува....