Во пролетта 1970 година, тогаш 27-годишната Катрин Денев и 49-годишниот Марчело Мастројани се сретнале на снимањето на филмот „It Only Happens to Others“, а токму тогаш започнала нивната љубовна приказна – една од најинтригантните во европската јавност во минатиот век.
Во моментот кога се запознале и двајцата биле во брак, а истовремено имале и вонбрачни врски, поради што нивните животи дополнително се искомплицирале.
Мастројани бил еден од омилените актери на славниот режисер Федерико Фелини, а важел и за голем заводник со бурен љубовен живот. Бил познат како вистински шармер. Во 1950 година се оженил со италијанската актерка Флора Карабела, од која се разделил десет години подоцна. Сепак, официјално останале во брак сè до неговата смрт. Имале една ќерка – Барбара.
По разделбата со Флора, започнал врска со актерката Феј Данавеј, а нивната љубов траела две години. Наводно, таа сакала брак, но Мастројани не сакал да се разведе, па затоа го оставила. Во тој период актерот ја запознал својата голема љубов – Катрин Денев.

Кога се сретнале, и двајцата веќе биле ѕвезди. Пред почетокот на снимањето на филмот „It Only Happens to Others“, на Мастројани му било кажано да не ѝ поставува прашања за приватниот живот на прекрасната француска актерка и да не навлегува во нејзината интимност. Но, тој не го испочитувал тоа целосно.
View this post on Instagram
На италијански ѝ рекол: „Уште една професионална убавица“, обидувајќи се да ја испровоцира. Сепак, Катрин на почетокот речиси и не го забележувала.
Во тоа време, Мастројани бил во вонбрачна врска со Феј Данавеј, иако сè уште формално бил во брак со Флора Карабела, додека Катрин официјално била мажена за англискиот фотограф Дејвид Бејли, а истовремено била и во врска со францускиот режисер Франсоа Трифо.
Набрзо меѓу неа и Мастројани се родиле силни емоции, но далечината претставувала голема пречка за нивната врска. Мастројани живеел во Рим, а Катрин во Париз. Секојдневно разговарале по телефон, но тоа не им било доволно. Актерот решил да ја напушти Италија и се преселил во Париз, каде што изнајмил стан.
„Никогаш на ниту една жена не сум ѝ ветувал ништо, па затоа ниедна не можела да ме обвини дека сум ѝ давал лажна надеж. Од сопругата добивам љубов и разбирање, а од љубовниците страст. Жените се како чадори – неколку вистински потези и сè е затегнато“, е една од најпознатите изјави на Мастројани.
Набрзо заедно работеле и на филмот „Лиза“. Многумина паметат како Мастројани ја поканил Катрин на танц во полн ресторан, пред фотографите. Сите што ја познавале актерката биле изненадени што прифатила.
Како вистински заводник и шармер, Мастројани ја опсипувал актерката со внимание и подароци, а заедно уживале во Ница. Во еден момент, тој ја запросил Катрин, но таа го одбила и се вратила во Париз. Набрзо се дознало дека актерката е бремена, што неизмерно ги израдувало двајцата. Кога се родила нивната ќерка Кјара Мастројани, Мастројани наводно купил неколку шишиња шампањ, ги делел на улица и викал: „Ми се роди ќерка“.
View this post on Instagram
Мастројани повторно решил да ја запроси Катрин, но уште еднаш бил одбиен. Тоа трајно го нарушило нивниот однос и почнале често да се расправаат. За време на снимањето на нивниот последен заеднички филм, Катрин и Марчело постојано се карале пред колегите. По некое време, Катрин решила да стави крај на врската и со ќерката ја напуштила вилата во Ница во која живееле.
„Нашата врска заврши. Не сакам повеќе да ја продолжувам оваа фарса“, наводно рекла француската актерка.
„Животот ме искушува повторно и повторно“, изјавила подоцна Катрин Денев. „Љубовта… Понекогаш изгледа само како болка. Никогаш не ме изненадува, но секогаш ме восхитува.“
Мастројани продолжил да ја гледа Кјара, за која никогаш не криел дека му е миленичка, иако имал уште една ќерка. За тоа зборувал и јавно.
„Ја обожавав мајката на ова дете“, рекол тој во една прилика.
Подоцна, Мастројани влегувал од врска во врска, а од 1976 година па сè до својата смрт бил со Ана Марија Тато. По Марчело, Катрин имала подолги врски со Хју Џонсон и Пјер Лескир.
„Бевме многу различни, но имавме длабоко чувство за слобода и огромна љубов кон животот. Тој беше оженет и себеси се нарекуваше кукавица бидејќи не можеше да ја остави сопругата. Се надевам дека ме сметал и за партнерка и за љубовница. Тој беше најголемата љубов во мојот живот“, изјавила актерката, додека нивната ќерка Кјара рекла дека никогаш не ги видела родителите заедно бидејќи се разделиле кога таа немала ни две години.
Марчело Мастројани почина во 1996 година, на 72-годишна возраст, од рак на панкреасот. Двете негови ќерки, како и Денев, биле покрај него кога починал.
Катрин Денев во среда ќе ја објави книгата „Драга Мерилин“ во која го опишува своето длабоко восхитување од Мерилин Монро, која ја смета за свое холивудско алтер его.
