30.8 C
Скопје
10:56 - 20 август, 2026

Познатата италијанска пејачка има 85 години и лице кое е екстремен пример на пластичната хирургија – Се појави на Санремо и ги занеме сите (ФОТО)

Орнела Ванони се појавила на сцената на музичкиот фестивал во Сан Ремо. Италијанската пејачка која има 85 години зад себе направила низа естетски корекции на лицето кое изгледа прилично шокантно.

Пејачката која од 1965 година настапува на познатиот фестивал, и покрај фактот што не успеала да го освои првото место, успеала да изгради многу успешна кариера.

Публиката и покажала колку ја обожува Ванони, но нејзиниот изглед засенил се. За жал, нејзиното име се најде на листата на екстремни примери на пластичната хирургија бидејќи лицето на Орнела е потполно изобличено.

Ванони е родена во Милано, се школувала ширум Европа, а го посетувала и миланскиот „Piccolo Teatro”. Пресудна за нејзината кариера била средбата со Џино Паоли, кој за неа напишал хитови кои го предодредија нејзиниот понатамошен музички пат. Пејачката која е одлична во канцона, џез и боса нова, на сцената е од 1957 година, а објавува албуми од 1961 година. Снимала сè до 2005 година.

профимедиа

Се занимавала и со актерство за што сведочат филмовите „Romolo e Remo”, „Amori pericolosi”, „Viaggiatori della sera” и многу други. Останала верна на родниот Милано, но често престојува и во вечниот Рим. Орнела е во брак со театарскиот импресарио Лучио Ардензи со кој го има синот Кристијано.

А што направила од своето лице со помош на пластичната хирургија, покажува нејзиниот настап од 1971 година:

Слични објави

(Фото) Згодната Туна Сејди се јави од Занзибар: „Рајот започнува тогаш кога ќе престанеш да брзаш“

Еспресо

Маја Шупут на одмор во Грција – пејачката позираше покрај базен во минијатурно бикини

Еспресо

Дневен хороскоп за 20 август: Внимателно изберете со кого ќе го поминете времето

apostolova

(Видео) „Пукна тиквата“: Девојката му раскина на Душко Тошиќ поради роденденот на Јелена Карлеуша

Еспресо

35 години „Косоока“: Дарио среде Куманово го запеа хитот кој не старее

Еспресо

(Фото) Сопругата на Биковиќ и ќерката на Чолиќ уживаа во ноќно излегување – се појавија во атрактивни модни комбинации

Еспресо
Се вчитува....