14.8 C
Скопје
09:14 - 29 март, 2024

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Како ќе ве служи здравјето и дали вреди да се нервирате?

Прочитајте што ви носи хороскопот во следните седум дена на поле на љубовта, работата, но и во семејните и пријателските односи.

ОВЕН

Се наоѓате пред значајни одлуки, но решенијата не ви се баш по волја. Ви се нуди партнерство кое првично не ветува многу, но вреди да се обидете. Од друга страна, романтичното расположение се подобрува. Саканата личност го очекува вашето внимание. Отпатувајте некаде заедно. Можни проблеми со видот.

БИК

Ќе ја зацврстите својата позиција на работното место, но тоа не значи дека треба да ги занемарите авторитетите. Бидете внимателни со договорите кои ги потпишувате. Во љубовта, постојано сте опсипани од внимание од лица кои не ви се по мерак. Дури и ако прифатите, нема да прерасне во долга врска. Контролирајте го крвниот притисок.

БЛИЗНАЦИ

На професионално поле ве очекуваат големи промени, кои бараат од вас да совладате нови вештини. Една личност од работното опкружување ви причинува големи нервози. Сепак, саканата личност е тука за да ви биде поддршка дури и во тешките денови. Нејзината енергија ве исполнува. Чувајте се од физички повреди.

РАК

Ги мешате работата и приватниот живот, премногу сте зафатени и хаотични, а и лесно наседнувате на провокации, дури и од оние кои хиерархиски се под вас. Побарајте помош од поискусните. Нестабилно се однесувате и кон партнерот, внимавајте, треба да покажете повеќе внимание и обѕири и да избегнете караници. Чувствителна кожа.

ЛАВ

Чувствувате добри вибрации, полни сте со енергија, ги исполнувате своите задачи, но најважно од сè e дури и при вакви услови да останете цврсто на земја, бидејќи нештата може да се сменат веќе следната недела. Потребен ви е период да одморите од додворувачите и љубовните хаоси. Пречувствителни сте, а тоа не ви оди во прилог овој период.

ДЕВИЦА

Ве заморува работата и веќе не сте сигурни дека вреди вложениот труд. Чувствувате и голем притисок, но бидете трпеливи, ситуацијата е ваква само краток период. Здодевно ви е на поле на љубовта, но исто како и во работата, така и оваа фаза е минлива. Промените во времето ќе ви донесат мали вртоглавици.

ВАГА

Ситуацијата на работа стагнира, под стрес сте и можеби тоа значи дека е време да побарате нешто ново и попросперитетно. Полни сте со незадоволство и во љубовта, но за среќа, вашиот партнер ќе умее да го извлече најдоброто од оваа ситуација. Внимавајте на исхраната, бидејќи се можни проблеми со стомакот.

СКОРПИЈА

Ви треба брзо решение за некоја ситуација, но вие само се вртите околу него како мува без глава. Сепак, оваа ситуација не зависи само од вас. Ќе забележите изразено ладење на односите со саканата личност. Немате време да се нервирате, па можно е раскинување или привремена разделба. Ќе почувствувате тегоби во синусите.

СТРЕЛЕЦ

Добро се чувствувате, трошите пари за лични задоволства, но бидете мудри во менаџирањето на финансиите. Можна повреда на работното место. Необично ве привлекува личност со која малку се познавате. Одолејте на вниманието на некој од вашето работно опкружување, тоа не носи ништо добро. Можни алергии.

ЈАРЕЦ

Разочарани сте од одредени поединци на вашето работно место. Сфаќате дека во даден момент сте биле манипулирани. Ќе ви излезе во пресрет некој од претпоставените. Правите планови, но заборавате да се консултирате со саканата личност. Ќе има мала тензија меѓу вас, која при крајот на неделата ќе го намали интензитетот. Болки во грбот.

ВОДОЛИЈА

Поволен период за промена на работното место. Обидете се да се запишете на некој курс, за да ги подобрите своите професионални вештини. Кај саканата личност постои некаква недоверба. Ако криете нешто, сметајте дека оваа недела може да бидете откриени и тоа сосема случајно. Ве мачи несоница.

РИБИ

Започнавте многу проекти и се наоѓате во хаос, бидејќи не знаете од каде да почнете со работа. Креативноста ви се намалува, но имајте трпение, бидејќи и тоа ќе се смени. Имате чувство дека што и да правите не допира до саканата личност. Штедете нерви и енергија и чувајте се од настинки и преладување.

Слични објави

Астропрогноза за петок, 29 март: На Бикот ќе му се врати старата љубов, Лавовите ќе бидат кралеви на денот

еспресо

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо
Се вчитува....