15:18 - 8 ноември, 2026

„Кога Тито после пет секунди од нашата свирка ги затна ушите, не симнаа од бината“

Горан Бреговиќ во интервјуто за „Неделник“ откри дали бендот „Бијело дугме“ бил државен проект, или дали го основала Удба, како што се зборувало.

Наводно, преку нив државата, тогашниот нејзин комунистички врв, сакал да ја контролра „младоста“. А од друга страна „на бендот „Бијело дугме“ постојано зад петите му стоело одделението за наркотици, а Бреговиќ на членовите на бендот морал да им забранува дрога и секс со малолетници на турнеите, барем така се зборувало.

На прашањето што од тоа е мит, а што вистина, Брега на новинарот Бранко Росиќ му одговорил:

„Навистина постојано имавме полиција со себе. Саравскиот оддел за наркотици ни беше постојано зад петите. Го уапсија Ипет Ивандиќ, а во текот на последниот месец кога служев војска имав куќа во Ниш каде што ги одржувавме пробите, како „Бијело Дугме“, пред албумот „Битанга и принцеза“ и се сеќавам како наеднаш упадна одделот за дрога во таа куќа и целосно ја претресе. Се уште бев во униформата на ЈНА“, раскажа Бреговиќ кој додаде:

„А тоа дека „Бијело дугме“ бил државен проект? Се сеќавам кога не повикаа да му свириме на Тито за Нова година. Некои внуци на Тито пееле „Тако ти је, мала моја, кад љуби Босанац“, па не доведоа бидејќи сфатиле дека Тито сака токму тоа да го слушне. Но, бидејќи Тито после пет секунди од нашата свирка ги затна уштите, не симнаа од бината после некои осум секунди. Така што најмногу десет секунди сум свирел како државен проект. Ние имавме малку збунета културна политика, како што таа е секогаш збунета во комунизмот. Комунистите ја имаа таа официјална културна политика која се движеше меѓу балетот, операта и класичната музика, не затоа што тоа го сакаа и разбираа, туку сакаа да спијат со пејачките и балерините. Немаа тие сериозен културен концепт да ја чуваат традицијата, па направија културни друштва да го конзервираат фолклорот. Тоа беше залиено и запечатено. Можеби јас успеав да го отпечатам и помешам“, изјави Брега.

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо
Се вчитува....