01:32 - 31 јули, 2026

Славната актерка откри шокантни вести: На сите им беше мило кога го победи ракот, но сега повторно е болна

Познатата актерка Шенон Доерти одново ја растажи јавноста, откако ѕвездата од култната серија „Беверли Хилс, 90210“ објави дека ракот повторно и се вратил. 

На Шенон првпат и беше дијагностициран рак во 2015 година, а по тешка битка, актерката ја победи смртоносната болест.

Сепак, сега, по пет години, Шенон ја информираше јавноста дека ракот се вратил и е во четврти стадиум.

Ракот се врати… Дефинитивно имам денови кога се прашувам зошто јас. И потоа си велам: ‘Зошто да не сум јас? Кој друг? Кој друг покрај мене го заслужува ова? Никој од нас. Но, би рекла дека првата реакција е секогаш загриженоста како ќе им кажам на мајка ми и на сопругот – изјави актерката.

Само неколку месеци пред смртта на Лук Пери, актерката дознала дека повторно ќе треба да се бори со оваа опасна болест. 

Многу е чудно за мене да добијам таква дијагноза, а потоа некој, кој е навидум здрав, да замине прв. Беше шокантно. Најмалку што можев да направам е да се вклучам во шоуто –  додава Шенон.

Фото: Инстаграм

.

Слични објави

Темната страна на култниот филм „Казабланка“: Снимањата биле ноќна мора поради однесувањето на еден до актерите

Еспресо

Тројански коњ во природна големина, импресивна актерска постава… Сè што можеби не сте знаеле за филмот „Одисеја“

Т.Ц.

(Видео) Рејчел Мекадамс уживаше во кафуле во Белград — што бара актерката во Србија?

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) – Како чоколадите на Жилиет Бинош во филмот „Чоколада“ ги омекнаа и најтврдокорните срца

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

Вистинската приказна зад филмот „Грешници“ – еден од главните ликови навистина постоел, а неговиот живот и смртта и денес се мистерија

Еспресо
Се вчитува....