11.8 C
Скопје
09:22 - 24 април, 2024

Мет Дејмон во Србија ќе го снима филмот „Зараза 2“?

Филмот „Зараза“, кој е снимен во 2011 година, доживеа голема популарност кога насекаде во светот се рашири коронавирусот.

Имено, овој според многумина контроверзен проект на Стивен Спилберг, кој говори за вирус што настанал во Кина и е смртоносен за луѓето, беше сфатен како еден вид „најава“ на настаните, иако реално пред девет години никој не можеше да знае што ќе се случува во 2020 година.

Токму ваквиот развој на настаните, според написите на српски „Ало“, ја инспирирало филмската екипа да сними продолжение на филмот „Зараза“. Според пишувањата, вториот дел од филмот ќе ги опфати случувањата во Европа, кои беа предизвикани како последица на ковид-19. Токму затоа актерската екипа се сели од Америка во Европа, а голем дел од филмот ќе биде снимен токму на Балканот.

– Продолжението на филмот „Зараза“ најверојатно ќе почне да се снима во декември годинава. Со оглед на тоа што коронавирусот во Европа предизвика тешки последици, продуцентот и режисерот одлучија наместо во Америка, филмот да се снима во некои делови од Европа, најмногу во Италија, а одредени сцени и во Белград, но и во Црна Гора – вели неименуваниот извор за „Ало“.

Според истиот извор, на сетот ќе се појават актерите од првиот дел, а главниот актер и понатаму останува Мет Дејмон, кој во филмот ќе глуми лик на човек имун на вирусот.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....