Благи мини-пити со мед и ванила РЕЦЕПТ

Ова е одличен посен рецепт за периодот на Велигденските пости.

Се прави брзо и лесно, а потребни ви се овие состојки:

Пакување кори за баклава
Два пудинга од ванила
Шеќер (за во пудингот)
Две лажици шеќер (за преливот)
Една лажица мед
50 гр суво грозје
Масло
Ванилин шеќер

Подготовка:

Пудингот сварете го само со вода и шеќер и по желба можете да додадете ванилин шеќер. Оставете да се излади.

Секоја кора преначкајте ја со малку масло, па преклопете ја на половина. Премачкајте повторно со масло и превиткајте ја уште еднаш. Ставете од пудингот и неколку зрна суво грозје, па преклопете како триаголник.

Наредете ги триаголниците во плех за печење. Печете на 200 степени околу 30 минути. Рерната треба претходно да биде загреана.

Во тенџерче настрана ставете две лажици шеќер и полната лажица мед. Додајте 200 милилитри вода и варете додека да се згусне. Ставете од сирупот врз испечените пити со ванила.

Слични објави

Слатко исчекување во најголема тајност: Ед Ширан и неговата сопруга ќе станат родители

Еспресо

МОЖЕТЕ ЛИ БЕЗ ЛЕБ? Еве што ќе се случи ако целосно го исфрлите од исхраната

Igor

Хип-хоп легендата нема издадено албум од 2015, а е најплатениот музичар оваа декада!

Слободен Печат

3 хороскопски знаци кои повеќе сакаат авантура отколку сериозна врска

Igor

Хајди Клум се онесвестила на снимање: Фановите се поделени со мислењата, коронавирус или бременост?

Еспресо

СОРАЈА ГИ ВАДИ СИЛИКОНИТЕ: Причината за таквата одлука ќе ве запрепасти

Igor

Остави Коментар

5 × три =

Слични објави

Дали треба да се јаде димено месо и риба?

Igor

ЦЕЦА ГО ИМА ПОСЛЕДНИОТ ЗБОР: Зошто не ѝ дозволува на Анастасија да настапува?

Igor

Лесен и брз ручек: Пилешко со јогурт и сенф

Igor

Една од најубавите актерки Мила Јовович во непрепознатливо издание (ФОТО)

Еспресо

Мадона ги продава ЛИЧНИТЕ ПРЕДМЕТИ, меѓу нив и прошталното писмо на Тупак

Igor

Морате да го пробате – Направете си за денес превкусен тарт со спанаќ

Еспресо
MacedonianAlbanianBulgarianSerbian