11.8 C
Скопје
16 октомври, 2021

НИВНАТА ЉУБОВ ТРАЕЛА 50 ГОДИНИ: Пол Њуман, Џоана Вудворд и писмото во кое се крие тајната за среќен брак

Љубовта нема животен век, не знае години – вистинската љубов не може да биде здодевна, секогаш е полна со авантури, нови откритија, емоционални подеми и падови. Станува суштината на животот што му дава повеќе од насмевка и добро расположение. Животот со неа станува бајка за која нема среќен крај, бидејќи нема крај. Таа живее вечно, дури и кога две души ќе се преселат во царството небесно. Тоа е љубов за која сме подготвени да се жртвуваме, со која дишеме, растеме и повторно се радуваме.

Дали има такви љубови, долги бракови во кои романтиката не престанува да живее? Актерот и режисер Пол Њуман и актерката Џоана Вудворд имаа токму таков брак. Живееја заедно 50 години, градеа среќно семејство и исклучително успешна кариера.Тие беа најталентираните актери од својата генерација и на крајот станаа легенди, а нивниот среќен брак многумина го сметаа за вистински холивудски исклучок.

 

Нивниот брак не беше совршен, но тоа не го спречи да биде силен. „За двајца луѓе кои немаат речиси ништо заедничко, имаме невообичаено добар брак“, велат тие. Во јануари 2008 година, тие ја прославија својата златна годишнина, а во септември истата година, Пол Њуман почина.

На денот на нивната венчавка, Пол ѝ напиша на Џоана писмо во кое се крие важна лекција за тоа како да се зачува љубовта и среќата во бракот.

Еве еден извадок од ова писмо:

„Среќата во бракот не е нешто што едноставно се случува. Мора да се создаде добар брак. Уметноста на брачниот живот е, малите нешта да стануваат големи. Уметност е никогаш да не е доцна да се држите за рака. Да кажете „те сакам“ барем еднаш дневно. Да не легнувате со расправија. Под никакви околности да не се земате меѓусебно здраво за готово. Додворувањето не треба да заврши со меден месец, мора да трае цел живот.

Исти цели и заеднички цели. Да одите низ животот заедно. Да формирате круг на љубов што ќе го собере целото семејство.

Работите еден за друг, не од должност или жртвување, туку од радост. Уметноста е да кажете зборови на благодарност. Не треба да замислувате ореол над главата на вашиот сопруг, ниту да ја сфаќате вашата сопруга како ангел со крилја. Не идеализирајте се едни со други. Неопходно е да се развие флексибилност, трпеливост, разбирање и смисла за хумор. Способност да се прости и заборави.

Создадете едни за други атмосфера во која секој би можел да се развива. Најдете време за духовен развој. Вообичаена потрага по доброто и убавото. Однос во кој независноста е еднаква за двајца, зависноста е взаемна, а обврските се взаемни.

Не се работи само за брак со вистинската личност. Се работи за тоа да се биде вистинската личност“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ❤️ Lovers (@lovers.rs)

извор: „sensa“

Слични објави

НЕМА ДА СЕ ЗДЕБЕЛИТЕ!: 5 намирници кои смеете да ги јадете и на полноќ

Еспресо

БЕСТСЕЛЕРОТ ЌЕ ДОБИЕ ТВ СЕРИЈА: Последните денови на Џон Ленон од поглед на неговиот убиец

Ј.К.Д

ТОП СОВЕТ ЗА СЛАБЕЕЊЕ: Зошто е важно за топење на мастите да сме малку гладни?

Еспресо

ДАЛИ СТЕ ВИЕ МЕЃУ НИВ?: Ова се најљубоморните и најпосесивните хороскопски знаци

Еспресо

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Како да направите совршени ражничи овој викенд

jasmina.kantardzieva

(ФОТО) ЦВЕТЕН РАЈ НА 1.100 МЕТРИ НАДМОРСКА ВИСИНА: Искусна фризерка, „исфризирани“ цвеќиња!

Ј.К.Д
Се вчитува....