20:14 - 28 ноември, 2026

Неверојатно куче посвоило бебе опосум од кое не се одвојува ниту денес (ВИДЕО)

На малечкиот Пончо животот му се променил преку ноќ. Освен што секој ден е опсипан со љубов и нежност, малечиот опосум Пончо го има и најголемиот заштитник, во облик на бел германски овчар, кој секој ден го носи на грбот, каде и да треба.

Пончо бил бебе кога неговата мајка ја усмртил автомобил. Иако шансите да преживее биле мали, тој успеал, а потоа го нашле добри луѓе, кои со помош на ветеринар, му помогнале да застане на нозе.
Тогаш се случило нешто прекрасно бидејќи Пончо се запознал со белиот германски овчар, чие име е Ханту, па така тие двајца оттогаш се неразделни.

Ханту никогаш немала легло, па кога го здогледала Пончо, проработеле мајчинските инстикти. Тие двајца сега живеат во склоп на „Rare Species Fund“ организацијата, која има за цел зголемување на свеста за растителниот и животинскиот свет.

Слични објави

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.
Се вчитува....