17:49 - 1 април, 2026

Меланија Трамп во војнички капут: Модна класика покрај која ништо друго не ви треба (ФОТО)

Секоја жена треба да има барем еден сличен модел

На традиционалната парада по повод Денот на ветераните која се одржува веќе 100-ти пат во Њујорк, претседателот на Америка, Доналд Трамп пристигна во придружба на елегантната сопруга Меланија.

Убавата Словенка секогаш води сметка за тоа стајлингот да не ги засени ваквите сериозни настани и да не стане тема на разговор поради изборот на непримерни парчиња облека.

Така таа и за оваа парада играше на сигурно и одбра неутрална комбинација од црна боја на која најмногу се истакна капутот со потписот на Мајкл Корс.

Foto: AP / Andrew Harnik

Прекрасниот волнен црн капут со војнички крој со ефектни златни копчиња беше сосема доволен за Меланија да ги воодушеви сите модни критичари, кои овој пат не успеаа да и пронајдат ниту една маaна.

Всушност, првата дама на Америка уште еднаш покажа зошто секоја жена во гардероберот треба да има совршено скроен црн капут, кој дефинитивно никогаш нема да излезе од мода.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....